Богатите тинејџери од Босна и Херцеговина:Возат бесни автомобили, носат само скапа гардероба, не бројат марки туку евра (фото)

Богатите тинејџер од Дубаи, Сингапур, Истанбул, Лондон, Будимпешта, Техеран, Германија, Тунис па дури и Зимбабве и Балканот се познат профили на Инстаграм преку кои младите наследници покажуваат како уживаат во животот.

Со други зборови, дегутантно се фалат со брзи автомобили ои и не ги возат многу, егозтични плажи и купишта пари.
Во моерто на „богатите тинејџери“ последни испливаа „Богатите тинејџери од Босна и Херцеговина“. Погледнете некои од нивните објави на популарниот профил:

#richkidsofinstagram#richkidsbosnia#iphone#euro#bosniaherzegovina

A post shared by Richkidsbosnia🇧🇦 (@richkidsbosnia) on

#richkidsofinstagram#richkids#richkidsbosnia#mercedes#mercedesamg#mercedes_amg

A post shared by Richkidsbosnia🇧🇦 (@richkidsbosnia) on

👌👌👌

A post shared by Richkidsbosnia🇧🇦 (@richkidsbosnia) on

👌👌👌

A post shared by Richkidsbosnia🇧🇦 (@richkidsbosnia) on

Принцот Хари доаѓа во Лондон, кралот е презафатен за да го прими

Принцот Хари пристигнува во Лондон, но се чини, нема да се сретне со својот татко, британскиот крал Чарлс. 

Веројатноста за подолга средба е многу мала, како што пишуваат британските медиуми, наводно бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично густ.

Хари патува за Велика Британија по повод свеченоста за 10-годишнината од „Инвиктус игрите“. Тој утре ќе биде на богослужбата на благодарност во лондонската катедрала „Сент Пол“, каде што се очекува и принцот да одржи говор.

„Телеграф“ пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговата посета се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните должности. А, на денот кога Хари ќе дојде во Лондон, Чарлс има средба со премиерот на Англија.

Не се очекува, исто така, Хари да се сретне ниту со Вилијам и Кејт, која се лекува од рак. Инаку, иако е познато дека двајцата браќа се скарани со години, Хари и Меган јавно ѝ испратија поздрави и желби за побрзо оздравување на Кејт кога таа ја објави веста за болеста.

Г.Скопје: Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура

Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска.

Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.

Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.

Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Град Скопје

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

Фајненшл тајмс потпиша договор со OpenAI за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ChatGPT да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот.

Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може да користи написи од Фајненшл Тајмс, се вели во соопштението. ChatGPT, исто така, ќе може да одговара на прашањата на корисниците со информации од написите на Фајненшл Тајмс, вклучително и линкови до веб-страницата на весникот.

Во последниве месеци, германската Axel Springer Group и францускиот весник Монд (Le Monde) потпишаа договори со OpenAI. Од друга страна, Њујорк Тајмс во декември ја изведе компанијата на суд, тврдејќи дека ChatGPT бил обучен со написи на весникот без дозвола.

ChatGPT го поттикна интересирањето околу вештачката интелигенција пред повеќе од една година.

Ваквите генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција се обучени со огромни количини на информации и можат да формулираат текстови на лингвистичко ниво на човек, да пишуваат софтверски код и да сумираат информации.

Принципот зад ова е дека чет-ботовите проценуваат од збор до збор како треба да продолжи реченицата, врз основа на веројатност.

притисни ентер