3Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?
ЖивотБогатите плаќаат стотици милиони за да го преживеат ,,Крајот на светот” (ВИДЕО)Некои од најбогатите луѓе во САД , милијардери од Силиконската долина, Њујорк и пошироко - се подготвуваат за да го преживеат крајот на светот или апокалипсата.Вооружен стражар стои на влезот од проектот „Survival Condo Project“, поранешен ракетен силос северно од Вичита, Канзас, кој е претворен во луксузни апартмани за луѓе кои се загрижени за уништувањето на цивилизацијата. Стив Хафман, триесет и тригодишен ко-основач и Ц.Е.О. на Редит, кој е вреден шестотини милиони долари во 2015 , направи ласерска операција на окото. Тој беше подложен на постапката не заради подобрување на видот , туку од причина за која не се зборува многу: се надева дека ќе ги подобри своите шанси за да ја преживее катастрофата, без оглед дали е природна или предизвикана од човек. „Ако светот заврши , ќе имам проблеми со набавување контактни леќи или очила “, изјави милионерот неодамна. ,,Поседувам неколку мотоцикли. Имам еден куп пиштоли и муниција. Храна. Сфаќам дека, со тоа, можам да опстанам во мојата куќа некое време “. Опстанокот, практиката на подготовка за крајот на цивилизацијата, последниве години се шири во побогатите квартови, вкоренувајќи се во Силиконската долина и Њујорк, меѓу директори за технологија, менаџери на фондови и други раководни лица во нивната економска група. Минатата пролет, Антонио Гарсија Мартинез, четириесетгодишен поранешен менаџер на производи на Фејсбук, кој живее во Сан Франциско, купи пет акри на остров на северозападниот дел на Пацификот и донесе генератори, соларни панели и илјадници парчиња муниција. „Кога општеството изгуби здрав дух за постоење , тоа се претвора во хаос“, изјави милијардерот. Мартинез сакал прибежиште што би било далеку од градовите, но не и целосно изолирано. „Сите тие мислат дека еден човек сам може некако да издржи пред распаѓањеето на толпата“, рече тој. „Не, ќе треба да формирате локална милиција. Само треба многу работи за да ја надминете апокалипсата. “Откако почна да им кажува на врсниците во Заливот за неговиот„ мал островски проект “, тие почнаа со своите подготовки, рече тој. Во приватните групи на Фејсбук, богатите преживувачи ги разменуваат советите за гас маски, бункери и локации безбедни од ефектите од климатските промени. Еден член, шеф на инвестициска фирма, ми рече: „Јас постојано го одржувам вклучен хеликоптерот и имам подземен бункер со систем за филтрирање на воздухот“. Тој рече дека неговите подготовки веројатно одат во „крајност“ . Тим Чанг, четириесет и четиригодишен управен директор во фондот Мејфилд, фирма за вложување капитал, изјави за ,,Њујоркер”: „Има еден куп од нас во Долината. Се среќаваме на вечери за финансиско хакирање и зборуваме за резервните планови што ги прават луѓето. Има многу луѓе што размислуваат како да добијат втор пасош доколку им е потребен, да имаат домови за одмор во други земји што би можеле да бидат бегалски засолништа. Тој и неговата сопруга, која е технолог, чуваат сет кеси спакувани за себе и за нивната четиригодишна ќерка. ,,Доколку има граѓанска војна или огромен земјотрес што ќе ја распарчи Калифорнија, ние сакаме да бидеме подготвени“. “ Кога Марвин Лиао, поранешен извршен директор на „Јаху“, а сега партнер на 500 стартапи, почна со подготовките, одлучи дека неговите залихи вода и храна не се доволни. „Што ако некој дојде и ми ги земе?“ За да ги заштити сопругата и ќерката, тој рече: „Немам оружје, но имам многу други оружја. Поминав часови по стрелаштво “. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени, известуваат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 16. октомври 2026 година Дневен хороскоп за петок, 16. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Во одлична форма сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПавле Трајанов и Љупчо Ристовски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Павле Трајанов и Љупчо РистовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter