Бочварски: За две години реконструирани над 500 километри патишта, градиме по план

Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните, рече на прес конференција, Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Во Програма За Живот во Македонија на парламентарни избори 2016, ветивме дека:„Во наредните 10 години ќе инвестираме 3 милијарди евра. Уште во првите две години од мандатот ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта."На само две и пол години од мандатот на Владата, инвестиравме над 800 милиони евра во патна инфраструктура во државата.

Ветувањата не само што ги исполнуваме, туку правиме и повеќе од тоа.Се гради насекаде како никогаш до сега.Изградивме и рехабилитиравме околу 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.

Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ со бројни грешки и недостатоци во изградбата. Го пуштивме во сообраќај и автопатот од Демир Капија до Смоквица исто така наследен со бројни недостатоци. Денес граѓаните сообраќаат по автопати кои се безбедни и сигурни.

Изградбата на автопатот Кичево - Охрид се одвива со предвиденото темпо.Ветивме и реализираме изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени.

Интензивно се работи на експресниот пат Штип – Радовиш кој е со вкупна вредност од 51 милиони евра, од големо значење за преку 170 илјади жители на овој регион, а истовремено придобивки добиваат и околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овие региони.

Покрај изградбата на експресниот пат, го рехабилитиравме и постоечкиот пат од Штип до Радовиш, како и патниот правец Радовиш-Подареш и патот кон Злетово, а во тек се рехабилитацијата на патот Радовиш-Струмица и реконструкцијата на патната делница Струмица-Ново Село.Во тек е изработката на проектот за експресниот пат Битола – Меџитлија, каде што е планирана и обиколница и проектот на експресниот пат Струмица – граница со Бугарија.Истовремено се работи на проектите за изградба на автопатите Битола - Прилеп и Гостивар –Кичево кои се од особено значење за граѓаните кои се движат во овие патни правци.

Интезивно се работи и на уште три експресни патишта, Градско-Дреново, Штип- Кочани, Ранковце - Крива Паланка.

Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, ние ги вложуваме во вистински развој на инфраструктурата.Ветивме изградба на железницата, гасификација, нови водоводи, канализации. И тоа го реализираме.Интензивно се работи на изградбата на железницата кон Бугарија, а ја завршивме изградбата на пругата од Битола до Кременица.

Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава.

Програмската определба на СДСМ има за цел да го подобри животот на сите граѓани, што значи брз и олеснет транспорт, регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата.

Инвестициите во инфраструктурата не застануват тука, продолжуваме и понатаму,затоа што резултатите говорат дека сме на правиот пат!, рече Бочварски.

Сајкоски: Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура

Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари.

„Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори.

„Излезете сите и масовно гласајте за Македонија биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да биде не уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава“, истакна Сајкоски.

Волстрит Џурнал: Осигурувањето ќе плати 350 мил. долари поради уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“.

Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.

Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“./МИА

Петковиќ на средба со амбасадорите на Квинта

Белград го поддржува процесот на Лајчак за формирање ЗСО

Директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска на средба со амбасадорите на земјите од Квинтата во Белград изјави дека Србија го поддржува процесот за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата на која присуствуваа српскиот амбасадор во Америка, Марко Ѓуриќ и претставникот на Делегацијата на Европската Унија, беше разгледана неопходноста од формирање на ЗСО, последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, која неодамна се одржа во Брисел, како и политичко-безбедносната ситуација во Косово.

Петковиќ ја пренесе јасната порака од Белград за неопходноста од формирање на ЗСО, на која Србите на Косово чекаат 11 години.

Петковиќ и Ѓуриќ го повторија ставот на Белград дека нацрт-статутот на ЗСО изготвен од ЕУ, кој се однесува на јурисдикцијата и структурата на ЗСО, како што стои во договорите во 2013 и 2015 година, може да биде добра основа за продолжување на дискусиите и договорите за конечен статут на ЗСО. /МИА

притисни ентер