БалканПетковиќ на средба со амбасадорите на КвинтаБелград го поддржува процесот на Лајчак за формирање ЗСО Директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска на средба со амбасадорите на земјите од Квинтата во Белград изјави дека Србија го поддржува процесот за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. На средбата на која присуствуваа српскиот амбасадор во Америка, Марко Ѓуриќ и претставникот на Делегацијата на Европската Унија, беше разгледана неопходноста од формирање на ЗСО, последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, која неодамна се одржа во Брисел, како и политичко-безбедносната ситуација во Косово. Петковиќ ја пренесе јасната порака од Белград за неопходноста од формирање на ЗСО, на која Србите на Косово чекаат 11 години. Петковиќ и Ѓуриќ го повторија ставот на Белград дека нацрт-статутот на ЗСО изготвен од ЕУ, кој се однесува на јурисдикцијата и структурата на ЗСО, како што стои во договорите во 2013 и 2015 година, може да биде добра основа за продолжување на дискусиите и договорите за конечен статут на ЗСО. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПроекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“ Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани. Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден. Програма за 9 август (недела) Локација: Europe House Struga 17:00 Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани 19:00 Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма Grandpa's Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на мешана натпреварувачка програма Меѓународна програма Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss Регионална програма SOS, режија: Anita Morina Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma' Awawdeh Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Со почит, тимот на Дрим ШортТагови: Дрим Шорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во СкопјеЛицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка.На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.Тагови: кокаин марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години. По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н. Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“ Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија. Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter