Бочварски: Првиот лет од Софија на 11 февруари - Канал 5

Бочварски: Првиот лет од Софија на 11 февруари

Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март.

Бочварски: Првиот лет од Софија на 11 февруари

Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, каде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани.

Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март.

Тур - операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија - Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.

„На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските тур-операторите ќе пристигнат во Скопје. На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите тур-оператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на месец март.“ – изјави министерот Благој Бочварски.

Ова е дел од договорите и разговорите кои во последниот месец се интензивираа помеѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија, со цел развивање на економијата, туризмот и комуникациите меѓу двете земји.

Минстерот Бочварски денеска беше во увид на изградба на социјалната зграда во Кочани, каде се градат 34 социјални станови. Тој очекува зградата да биде готова до крајот на оваа година.

„Денеска сум тука во Кочани, каде се гради социјалната зграда со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски во висина од 1 милион евра. Изградбата е во напредна фаза, конструкцијата е при самиот крај и јас очекувам до крајот на оваа година таа да биде завршена. Веќе од почетокот на 2023 година ќе влеземе во распределба на овие 34 станови, кои на наши граѓани од кочанскиот регион ќе им обезбедат достоинствени услови за живеење.“ – изјави Бочварски од Кочани.

Тој истакна дека социјалните згради во Виница, Свети Николе, Гостивар и во Пробиштип се завршени и дека во фаза на подготовка е Комисија составена од Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика, која во најскоро време ќе распише јавен оглас распределба на овие социјални станови на социјално загрозени семејства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Холивудски пар воодушеви во Торонто

Холивудската ѕвезда, актерката Пенелопе Круз во кожа и тантела, нејзиниот сопруг, шпанската актерска ведета Хавиер Бардем не го трга погледот од неа, холивудски пар воодушеви во Торонто.

Фото: Холивудски пар воодушеви во Торонто

Шпанските актерски ѕвезди Пенелопе Круз и Хавиер Бардем блеснаа на премиерата на филмот „Бункер“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ги толкуваат главните улоги.

Двојката, која важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд, повторно привлече внимание на црвениот тепих, само неколку дена откако заедно блеснаа на Филмскиот фестивал во Венеција.

Пенелопе и Хавиер ги толкуваат главните улоги во филмот „Бункер“, поради што публиката со нетрпение го очекува неговото пристигнување во кината.

Нивното заедничко појавување во Венеција, а потоа и во Торонто, дополнително го поттикна интересот за филмот, кој веќе се вбројува меѓу најочекуваните остварувања во кои славните сопружници играат заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка Афродити Латинопулу

Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу.

Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка Афродити Латинопулу

На 15 септември 2026 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу, со што се овозможува продолжување на правната постапка во Грција во врска со наводите поврзани со потписите за основање на нејзината партија.

Со оваа одлука се укинува парламентарната заштита во однос на постапката опфатена со барањето. Таа не претставува утврдување вина и не го прекинува автоматски нејзиниот мандат како пратеник во Европскиот парламент.

За што се работи во случајот со потписите

Случајот се однесува на поплаки во врска со потписите поднесени при основањето на политичката партија на Латинопулу, „Гласот на разумот“ (на грчки: „Foni Logikis“). Во поплаките се тврди дека дел од потписите во документите за основање биле фиктивни или фалсификувани. Прашањето дали овие наводи се основани е во надлежност на грчките правосудни органи, а не на Европскиот парламент.

Латинопулу јавно побара укинување на нејзиниот имунитет уште неколку месеци пред гласањето. Во писмото од 15 јануари 2026 година упатено до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола – кое беше објавено на веб-страницата на нејзината партија – таа изрази уверување дека непристрасната судска постапка ќе ја потврди нејзината невиност. Таа исто така изјави дека не сака парламентарниот имунитет да биде пречка за судската проверка.

Извор: Greekreporter

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион падна во Хрватска

 Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.

Мал авион падна во Хрватска

Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер