Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга? - Канал 5

Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга?

Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски на собраниската седница посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски упати прашање во врска со слабата реализација на брзата пруга долж коридорот 10.

Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга?

Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски на собраниската седница посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски упати прашање во врска со слабата реализација на брзата пруга долж коридорот 10, бидејќи во предлог буџетот за 2026 година не се предвидени средства за овој инфраструктурен проект.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

„Во изминатиот период значајна тема е темата за изградбата на брзата пруга долж коридорот 10, прашање или проект за кој секако треба да се посвети сериозно внимание од секој аспект, од аспектот на избор на моделот на изградба, начинот на финансирање, понатаму координацијата со соседните земји, со кои ќе биде неопходно да се поврземе преку еден ваков тип на пруга со високи перформанси и заеднички да го туркаме овој процес напред.

Инаку како држава и во време на претходната влада на СДСМ веќе ја изразивме нашата подготвеност за реализација на ваков проект кон крајот на мандатот потпишувајќи меморандум со Република Србија за изградба на пруга Скопје-Белград во две фази, од кои првата би била Скопје - Белград со поврзување на аеродромот Скопје, а втората фаза од Скопје кон Богородица и поврзување со Република Грција.

Од месец мај оваа година имаше повеќе информации во јавноста по однос на ова прашање на пример дека штом се обезбедат финансиите веднаш ќе се избере изведувач ќе се настапи со градежни активности, ако не се лажам уште оваа година, нешто што беше преоптимистичка проценка, па потоа имаше и неколку други изјави од повеќе претставници на владата во насока дека овој проект би започнал со реализација некаде кон крајот на 2026 година, а првите исплати или буџетирање би биле во 2027 година.

Она што успеав да го видам од овие најави дека ќе се оди со реализација на проектот преку принципот проектирање и градба нешто за коешто лично се борев овде да биде усвоено како модел во собранието во нашите закони и тврдам и убеден сум, бев убеден и тогаш, но и денеска дека сите проекти кои се граделе или се градат со традиционалниот модел на изградба имаат многу препреки одлагање на реализацијата, репроектирање, избор на нови проектанти нови изведувачи и на крај најважното губење на време за за граѓаните коишто час поскоро очекуваат да бидат изградени овие патишта пруги и инфраструктура за граѓаните.

За разлика од тоа како се оди со делегирање на правото на компанијата изведувач да работи паралелно на урбанистички планови, гео-механика, проектирање изградба е модел која е подобар и дава резултати.

Имајќи уредби дека во предлог буџетот за 2026 година кои владата веќе го достави во собранието и поминаа веќе на комисија во изминативе неколку денови видовме дека не се предвидени средства за изградба на оваа брза пруга на коридорот 10 нешто што само во себе говори дека не сме многу блиску од почеток на градежните работи на терен.

Оттука прашањето ми е кои се роковите за отпочнување и изработка на физиолити студијата понатаму избор на траса, експропријација, проектирање и градба на овој значаен проект за Македонија и регионот?.“, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Ново Село продолжува да се развива. 

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации.

Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село.

Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување.

Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните.

По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија.

Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура.

Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите.

Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура.

Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места.

Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Со новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. 

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации.

За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери.

Граѓаните арамијата ги остави сами.

Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари.

Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка.

Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството.

Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари.

Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната.

Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ.

Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор

Во среда ќе биде промовирана Ем услугата со која граѓаните ќе може личната карта и возачката дозвоја да ја имаат во дигитална форма.

Министерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор

Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој утринава учествуваше на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер