BMW го претстави новиот кабриолет со огромна маска и платнен покрив (ВИДЕО) - Канал 5

BMW го претстави новиот кабриолет со огромна маска и платнен покрив (ВИДЕО)

Точно по 35 години од претставувањето на првите 3 серии во кабриолет издание, пристигнува наследникот, BMW серија 4.

BMW го претстави новиот кабриолет со огромна маска и платнен покрив (ВИДЕО)

Ако дизајнот на BMW имал падови во последно време, сега работите се поинакви. Се навикнуваме на огромната предна маска, а на ваков модел не се забележува. Имено, целото внимание го привлекуваат другите делови од автомобилот, особено светлосната силуета неоптоварена со тежок покрив.

Во BMW посочуваат како напреднал нивниот кабриолет во сите области. Во ова нема сомневање, но треба да се спомене дека со примена на мекиот покрив, тежината опадна, а багажникот се зголеми (+34 l). Центарот на гравитација е исто така помал, така што корисникот склон кон активно возење со овој автомобил ќе биде во плус. Не на сметката бидејќи стартната цена е 50.350 евра.

Да споменеме и дека покривот до брзина од 50 км на час, се отвора за 18 секунди. Заднотиот прозорец е од стакло, а волуменот на багажникот е зголемен на 255 литри, или 385 литри со подигнат покрив.

Тој е значително поголем од неговиот претходник, а фактот дека должината бележи плус 12,8 см зборува многу. Овој модел нуди и зголемено меѓуоскино растојание.

Од доменот на моторната понуда, една голема вест. Неговото име е BMW M440i xDrive и го нуди овој модел за прв пат. Водечкиот шестцилиндарски мотор во форма на 48V хибрид развива 374 КС и нуди голема моќ зад воланот. Стартот е многу помал, кај 420i со 184 КС и 420d со 190 КС. Помоќната верзија со 2,0 бензинци е во 430i и испорачува 258 КС и 400 Nm.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. 

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа претходните говорници, само сакам да кажам дека дојде редот и на калето да се среди.

Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата.

Очекувам во периодот којшто следи практично калето да го добие оној лик и функционалност каква што ја заслужува, тоа е она што ќе биде наша цел како Влада заедно со институциите коишто се за различни делови надлежни.

Очекувам кога сето ова ќе биде завршено да имаме навистина исклучително квалитетен објект во Скопје којшто ќе претставува една од неколкуте исклучително ретки и важни туристички атракции тука во Скопје.

Ако биде се како што треба тоа ќе се случи следната година нормално од оваа година ако почнеме. Сега е веќе средено, тука знаете имаше трева, колку толку хортикултурно е потсредено за да можат колку толку посетителите да се запознаат со Скопското Кале, но не сме задоволни од ова што во моментот се случува. Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме позади институциите и финансиски и логистички и секако да скопското Кале го добие оној лик којшто го заслужува и да биде дел од Скопје-европска престолнина на културата.

Благодарност до сите институции коишто досега беа вклучени, благодарност до професорите, до професорот, до експертите, до сите оние коишто до сега работеа на истражување на скопското кале, мислам дека ќе бидат исклучително изненадени граѓаните од сето она коешто ќе биде изложено. Зборувам не само за скопјани туку би рекол и светот.

Така што еве тука ќе застанам, уште еднаш благодарам и заедно да продолжиме и натаму да ги решаваме работите и скопското кале следната година да ја добие онаа физиономија којашто ја очекуваме дека треба да ја добие и којашто ја заслужува.

Благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова.

Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ.

Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари.

Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио.

Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место.

Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција.

Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место.

Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо.

Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика.

Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер