БМВ повлекува над 70.000 електрични возила во САД - Канал 5

БМВ повлекува над 70.000 електрични возила во САД

BMW повлекува повеќе од 70.000 електрични возила во Соединетите Американски Држави поради софтверска грешка што може да предизвика ненадејно губење на моќноста при возење, објавува Carscoops.

БМВ повлекува над 70.000 електрични возила во САД

Повлекувањето опфаќа неколку модели – i4, i5, i7 и iX – произведени помеѓу 2022 и 2024 година, пренесе Индекс. Проблемот е во софтверот на погонскиот систем, кој може погрешно да ја прочита состојбата на електричната изолација и затоа автоматски да го исклучи високонапонскиот систем во електричните возила.

Поточно, софтверот може погрешно да ја детектира состојбата на таканаречената двојна изолација, што иницира безбедносно исклучување на погонот приближно 15 до 20 секунди по појавата на предупредувањето. Иако управувањето и сопирањето сè уште функционираат во тој момент, возилото губи влечна сила и продолжува да се движи.

Повеќегодишна истрага

БМВ започна истрага за овој проблем уште во 2021 година. Првично, се сомневаше дека причината се нечистотиите што влијаат на работата на електричните мотори, но поради многу малиот број пријавени случаи, проблемот не можеше прецизно да се утврди во тоа време.

По неколку години тестирање, производителот откри дека софтверот не прави прецизна разлика помеѓу вистинската состојба на двојната изолација - што бара исклучување на системот од безбедносни причини - од помалку сериозни отстапувања. Таквото исклучување е за да се спречи електричен удар или прегревање.

Досега, BMW доби 43 пријави поврзани со овој проблем, претежно при брзини над 32 км/ч. Ниту еден од пријавите не вклучува несреќа или повреда. BMW вели дека ќе го реши проблемот со ажурирање на софтверот на погонскиот систем - преку етерот или во овластен сервисен центар. Сопствениците ќе бидат официјално известени за повлекувањето на 5 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер