БМВ го претстави својот нов ,,ѕвер” со контроверзен изглед(ВИДЕО) - Канал 5

БМВ го претстави својот нов ,,ѕвер” со контроверзен изглед(ВИДЕО)

Месеците со  секакви најави се зад нас, и сега можеме да видиме дека вредело да се чека - BMW ги претстави новите M3 и M4 и сега е на самиот врв на спортската програма.

БМВ го претстави својот нов ,,ѕвер” со контроверзен изглед(ВИДЕО)

Не е дека некогаш паднале, но на Баварците навистина им треба вакво засилување. И на неговите обожаватели, кои дефинитивно не се малку. Тие, пак, ќе можат да сметаат на стандардна понуда преку два стила на каросеријата и низа опции и комбинации, а не само кога станува збор за естетиката.

Веста на денот е рачниот менувач, што останува во понудата во новата генерација. Доаѓа во комбинација со погон на задните тркала и ќе треба да го ограничи 3.0 M TwinPower во линија шест со 480 и 510 КС во Competition изданието. Инаку има осумстепен автоматски, но и погон M xDrive.

Перформансите се исто така познати, така што верзијата со погон на задните тркала стигнува за 4,2 секунди до стотка, додека посилната изведба пристигнува за 3,9 секунди. И вози до 290 км на час.

Естетски, М моделите сега се јасно поразлични од послабите „полу М“ изданија, поточно М340i. Сега се забележително поагресивни и лесно можат да изгледаат како да излегле од компјутерска игра.

Првите примероци на патиштата се очекуваат во март следната година. Лесно ќе ги препознаете, ако ништо, тогаш по четирите ауспуси. На предницата имаат огромна маска.

Наместо опрема и дизајн на ентериерот, ќе споменеме нешто друго. BMW понуди додатоци за перформансите, а на списокот има дифузер од јаглерод, златни бандажи, додатоци од карбон аеро и уште еден куп иновации.

YouTube video

А што е со цените. БМВ М3 ќе се движи од 82.500 евра во Германија, М4 е поскап за околу 1.500 евра, а за Competition изданието ќе треба да бидат издвоени 89.500 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер