БМВ го прекина производството поради прекин на електрична енергија

Дефект на далноводот во јужна Германија го парализира производството во најголемата фабрика на БМВ во Европа, објави портпаролот на компанијата.

Откажана е работата во две смени во две сали во Динголфинг, во која работеле неколку илјади вработени, изјави портпаролот. Поради дефектот не биле направени 1600 автомобили.

Дефектот на далноводот во областа Ландшут минатиот четврток го парализира железничкиот сообраќај и транспортните вагони не стигнале од Динголфинг, што значи дека BMW немале доволно простор да продолжат со производството. Оттогаш, тешкотиите се решени и автомобилите се испорачани, објави денеска BMW, додавајќи дека утре производството треба да се врати во нормала.

Јанчев: 81 година од стрелањето на 12те ваташки младинци

Со положување на цвеќе и пригодна културно уметничка програма им беше оддадена почит на 12те ваташки младинци.

81 година од стрелањето на 12те ваташки младинци.

Со положување на цвеќе и пригодна културно уметничка програма им беше оддадена почит на 12те ваташки младинци.

Со свој говор кон присутните се обрати и градоначалникот Митко Јанчев:

"Почитувани присутни,

Од 15 до 28 години имаа 12те млади ваташани кои на 16ти јуни далечната 1943та година на исклучително бесчувствителен и ѕверски начин ги изгубија своите животи, токму на ова место каде што сме денес.

Ако се навратиме 7 години наназад. Сигурно сите се сеќаваме во каква состојба беше оваа локација. Го реконструиравме споменикот, хортикултурно го уредивме целиот простор, го опремивме со урбана опрема. Денес ова е едно од омилените излетнички места на младите и децата.

Изминатата година ги поставивме 12 те бисти на 12те ваташки младинци и ја отворивме спомен собата во нивна чест.

Сето ова е најмалку што можеме да направиме за нивната дадена жртва, за нивниот даден живот за нашата Македонија.

"Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината."

Овие зборови се испишани на овој споменик да сведочат за овој крвав злочин.

Никогаш да не ги заборавиме страдањата на овие 12 младинци, никогаш да не заборавиме дека тие, својот живот го дадоа за ова што сме ние денес. За слободата која денес ја имаме.

Слава им. ", истакна Јанчев во својот говор.

АМСМ: Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението од АМСМ.

Сопственикот на Рома го купува Евертон за 475 милиони евра

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, ќе го купи Евертон за 475 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми.

Според Туто Меркато, Фридкин како резултат на трансакцијата ќе добие 94,1 отсто од акциите, кои во моментов му припаѓаат на актуелниот сопственик на англискиот клуб, Фархад Мошири.

Целата процедура околу одобрување на договорот од Премиер лигата се очекува да потрае повеќе од еден месец, но не се очекуваат никакви проблеми.

Мошири е претседател на одборот на директори и акционер на USM Holdings. Тој се здоби со акции во Евертон во 2016 година.

Компанијата Фридкин Груп стана сопственик на Рома во август 2020 година. Според пишувањата на медиумите, сумата на трансакцијата е околу 600 милиони евра.

притисни ентер