СветБлумберг: Во Курската област украинските сили заробиле 102 руски војници Во руската област Курск, единицата на украинската служба за безбедност заробила 102 руски војници, изјавил за Блумберг неименуван добро информиран извор.Изворот наведува дека единицата на украинската безбедносна служба која оперира во областа Курск во средата заробила 102 руски војници во голем подземен комплекс, каде што имале доволно резерви на муниција. -Руските власти веќе стапиле во контакт со Украина во врска со можна размена на затвореници, изјави во средата комесарот за човекови права на украинскиот парламент, Дмитро Лубинец. Тој одби да даде детали, вклучително и вкупниот број руски војници кои биле заробени. -Украина сега контролира 1.150 квадратни километри руска територија (во Курската област), вклучувајќи 82 села и градови, од почетокот на упадот пред 10 дена, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски. Портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг вчера им изјави на новинарите дека САД сè уште се обидуваат да дознаат повеќе за целите на Украина во нејзината офанзива против Русија, откако американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин телефонски разговараше со украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров во средата. -Првичните извештаи покажуваат дека некои руски единици се префрлени од Украина во регионот Курск за да помогнат во запирање на украинските упади, рече Синг. Зеленски рече дека Украина поставила воено командно место во градот Суја во областа Курск, за кое Сирски посочи дека ќе служи за одржување на јавниот ред и за задоволување на основните потреби на локалното население. На 6 август, вооружените сили на Украина започнаа напад врз областа Курск во Русија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 17. ноември 2206 година Дневен хороскоп за вторник, 17 ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа. Кариера Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие. Здравје и совет Преиспитајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце. Кариера На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува. Здравје и совет Мали емотивни грижи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи. Кариера Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале. Здравје и совет Бидете будни во секој момент. Водолија 21.1.-19.2. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата. Кариера Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока. Здравје и совет Не ги заборавајте паузите . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка. Кариера Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте. Здравје и совет Можете да поместите планини. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас. Кариера Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Прифатете го она што доаѓа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат. Здравје и совет Прво промислете па потоа кажете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност. Кариера Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците. Здравје и совет Работете колку што можете. Рак 22.6-22.7. Љубов За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден. Кариера Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро. Кариера Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив. Здравје и совет Мали двоумења. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате. Кариера Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес. Здравје и совет Ќе ви недостига мир.Повлечете се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар. Здравје и совет Не мора сѐ да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сосВо вторник (10.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Браќа Нуне.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 150 гр. свежи печурки 100 мл. павлака за готвење 100 мл. масло 50 гр. путер 1 лажица путер од кикиритки сол, бибер и сув зачин Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook