Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
1Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
2Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
3Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?
БалканБлокади на мостови и патишта доколку Вучиќ до петок не ги исполни условитеБлокади на мостови и патишта доколку Вучиќ до петок не ги исполни условите на протестот „Србија против насилството“.Претседателот на Еколошкото востание и пратеник во српското собрание, Александар Јовановиќ Чута, најави блокада на патишта и мостови во Србија доколку претседателот Александар Вучиќ до петок, 16 јуни не ги исполни сите барања од протестот „Србија против насилството“, јави дописиникот на МИА од Белград. Јовановиќ во писмена изјава наведе дека ќе бидат блокирани патиштата и мостовите низ целата државата. На протестот „Србија против насилството“ во Белград во петокот актерот Хаџи Ненад Маричиќ во име на организаторите најави дека „доколку до крајот на идната недела не бидат исполнети нивните барања, протестите ќе добијат нов облик, од бината ќе се тргне во нови акции“. -Се зборуваше за радикализација на протестите и би сакал да го избегнеме тој термин. Значи, нашето општество се разболе од вишокот на слободни радикали кои ни го украдоа ова општество и оваа земја и ја претворија во дувло каде што ниту еден пристоен човек не сака да живее повеќе. Мислам дека се работи за подигање на овие активности на повисоко ниво, во кое секако ќе учествуваат и граѓаните, но тоа ќе значи и поголем степен на пожртвуваност на пратениците од опозицијата, изјави по протестот претседателот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), пратеникот Павле Грбовиќ. Седницата на Националното собрание посветена на безбедносната состојба ќе продолжи следната недела. Последна, четврта точка на дневен ред е разрешување на министерот за полиција Братислав Гашиќ. -Верувам дека сега влегуваме во одлучувачка недела, кога очекуваме да добиеме конечни одговори од надлежните. А доколку тоа не се случи, тогаш ние како претставници на опозицијата и технички организатори на протестот ќе понудиме некакви следни решенија и рамковен план за кој сега се разговара, изјави Небојша Зеленовиќ. Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот кодекс, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција (БИА) Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. Проевропската опозиција само технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив. Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста со премиерката Ана Брнабиќ во среда изјави дека „ќе продолжи да ги чека некои луѓе да разговараат со него“, додавајќи дека „тие се надеваат на некои други работи кои никогаш нема да се случат, дека власта ќе биде преземена на улица“, најавувајќи можност за вонредни парламентарни избори, како излез од кризата. Од опозицијата во петотокот порачаа-Не ни требаат избори, потребна ни е одговорност. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението? Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот. -Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаЗаконите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки. – Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби. Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред. – Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби. Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот. Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени. На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook