„Извештајот откри дека веќе се приближуваме кон потоплиот период за 1,5 степени и дека поради дневните емисии на гасови, изгледите за избегнување на најлошите ефекти од климатските промени стануваат помрачни“, рече Блинкен.
„Затоа е од витално значење сите земји - и особено големите економии - да го дадат својот удел во критичната деценија од 2020 година, за да го одржат светот на поставената граница за затоплување од 1,5 степени“, рече американскиот државен секретар.
„Не можеме повеќе да ги одложуваме амбициозните акции за климата“, вели Блинкен.
И германскиот министер за животна средина предупредил дека времето за спасување на планетата истекува, по последниот мрачен извештај на ОН за климатските промени.
„Планетата е во смртна опасност, а со тоа и нејзините жители“, рече Свења Шулце. „Извештајот на ИПЦЦ презентиран денес, уште еднаш покажува дека времето за спасување на планетата каква што ја знаеме ,истекува“, рече таа, повикувајќи се на извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени.
„Ова го доживуваме и овде во Германија: катастрофални поплави по обилните дождови во јули, трајна суша во последните години“, рече министерот.
Шулце рече дека заштитата на климата е „суштинска за опстанок“ и ја повика меѓународната заедница „да ја направи 2020 деценија на заштита на климата“.