Блинкен ја поздрави одлуката на лидерот на Јужна Кореја да ја укине воената состојба - Канал 5

Блинкен ја поздрави одлуката на лидерот на Јужна Кореја да ја укине воената состојба

 Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја поздрави денешната одлука на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, да ја укине воената состојба, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следеа случувањата во последните 24 часа“ .

Блинкен ја поздрави одлуката на лидерот на Јужна Кореја да ја укине воената состојба

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја поздрави денешната одлука на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, да ја укине воената состојба, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следеа случувањата во последните 24 часа“ и очекуваат политичките несогласувања да бидат „разрешени мирно“.

Во својата изјава Блинкен го потврди сојузништвото меѓу САД и Јужна Кореја, кое, како што рече, е засновано на „заеднички принципи на демократија и владеење на правото“.

Неколку американски когресмени синоќа излегоа со изјави за превирањата во Јужна Кореја, каде вчера претседателот на земјата ненадејно воведе воена сосстјба, а по совет на министерот за одбрана, стравувајќи дека опозициската партија наводно работела во интерес на Северна Кореја.

Конгресменот Бред Шерман, кој е демократ од Калифорнија, член на Комитетот за надворешни работи во Претставничкиот дом и претседавач со поткомитетот за Азија, изјави дека народот и парламентот на Јужна Кореја „се иправиле во одбрана на демократијата и спречиле пуч“. Тој додаде дека прогласувањето на воена состојба ја поткопува алијансата меѓу САД и Кореја, која е „изградена врз заедничката посветеност на демократијата“.

Конгресменот Анди Ким, демократ од Њу Џерси, кој наскоро ќе се приклучи на Сенатот, на социјалнат амрежа „Х“ напиша дека неговите родители се родени во Јужна Кореја за време на Корејската војна.

-Никогаш не би замислил дека 70 години подоцна ќе видиме илјадници севернокорејски војници како се борат за руски диктатор против Украина, додека демократијата во Јужна Кореја тоне во воена сосотојба, напиша тој.

Додаде дека „во земјата е нарушена довербата, а народот е потресен. „Во овие кревки часови и денови што следат, најважно е насилството да се избегне по секоја цена, додека од суштинско значење е почитувањето на владеењето на правото и демократските процеси“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер