Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
Шоу бизБлагодарение на ВИ, „Битлси“ се враќаат со нова песнаРешивме да ја направиме последната снимка на „Битлс“. Успеавме „да го извадиме“ гласот на Џон и да го усовршиме користејќи ВИ и да ја измиксаме снимката...Додека можностите на вештачката интелигенција предизвикуваат, од една страна стравови, а од друга - љубопитност и воодушевување во музичката индустрија, Пол Макартни кој наскоро ќе го прослави својот 81. роденден, откри дека 50 години подоцна, „Битлси“ се враќаат на сцената. Имено, оваа година ќе биде објавена досега непозната песна на четворицата од Ливерпул, снимена со помош на ВИ којашто ќе го создаде гласот на Џон Ленон. Пол тоа го објави во интервју за „Би-би-си редио 4“ (BBC Radio 4). - Решивме да ја направиме последната снимка на „Битлс“. Успеавме „да го извадиме“ гласот на Џон и да го усовршиме користејќи ВИ и да ја измиксаме снимката... Замислата дојде по еден документарен серијал во режија на Питер Џексон во 2021 година, изјави Макартни. Британскиот пејач Стинг неодамна предвиде дека уметниците ќе мора да се борат напорно за да ги заштитат своите човечки способности од вештачката интелигенција. Пол Макартни ја смета таа појава за „доста занимлива“. - Тоа е нешто што денес сите се обидуваме да го сфатиме... Тоа има добра страна, но и страшна страна, ќе видиме каде ќе води сѐ ова, додаде тој. Инаку, од 10-те години на Пол, Џон, Џорџ Харисон и Ринго Стар минати заедно (1960 - 1970) произлегоа 14 албуми, речиси милијарда продадени плочи и неколку филмови. Од познатата „ливерпулска четворка“, Пол и Ринго (82) се живи и сѐ уште активни, но како соломузичари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ КиненоваСо филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027) Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање. Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети: Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина. Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз. Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.Тагови: МФФ Киненова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: Македонски Брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook