Бјанка Ценсори не застанува- објави 18+ фотографии (ВИДЕО) - Канал 5

Бјанка Ценсори не застанува- објави 18+ фотографии (ВИДЕО)

Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, објави неколку разголени фотографии на Инстаграм.

Бјанка Ценсори не застанува- објави 18+ фотографии (ВИДЕО)

Таа позира во мрежест топ и проѕирни хулахопки, без долна облека. Под фотографиите има еден куп коментари.

„Те пријавувам затоа што си гола“, „Канје не ја принудува, сето ова е нејзина идеја“, „Не разбирам како е воопшто дозволено да се објавува нешто вакво на Инстаграм“, „Зошто го правиш ова? За внимание? Не мислам дека ти треба“, „Сфаќаме, секогаш си гола“, „Жено, облечи се“, се само дел од коментарите.

YouTube video

Таа ја носеше мрежестата комбинација и во Шпанија

Канје и Бјанка неодамна беа фотографирани на Мајорка, Шпанија. Двојката беше фотографирана на пазарот во малото гратче Сантањи. 30-годишната Бјанка привлече внимание облечена во црн мрежест градник кој целосно ги откриваше нејзините брадавици, заедно со црни мини шорцеви.

Му даде ултиматум?

Бјанка наводно му дала ултиматум на својот сопруг.

Како што изјавил извор за „Мирор“, тензиите меѓу сопружниците достигнале врв. „Таа сака повеќе слобода. Ако тој не го прифати тоа, Бјанка ќе го остави“, коментирал изворот. Тензиите наводно биле предизвикани од тоа што Канје ѝ забранил на Бјанка да соработува со луксузни модни брендови.

„На неа ѝ недостига да си ја работи својата работа. Не сака да се чувствува ограничена. Таа е многу креативна личност и сака да се истакне како моќна, независна жена“, додаде изворот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј.

Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство.

По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење.

Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент.

Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство.

На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората.

Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ.

Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија.

Македонска православна општина за Мелбурн и Викторија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)

Драматични снимки од Калифорнија покажуваат минувачи како брзаат да му помогнат на човек додека тој се подготвува да скокне од кабината на камион што виси над патот.

Драма во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)

Луѓето се собираат под кабината и простираат ќебе, обидувајќи се да го ублажат неговиот пад, пренесоа Независне.

Видеото го прикажува човекот како излегува од вратата на камионот, а потоа виси над патот.

Минувачите држат простирано ќебе под него. Потоа човекот се пушта и паѓа кон толпата луѓе кои се собрале да му помогнат.

Камион во движење се судрил со патничко возило на автопатот I-5 во Сан Диего, пред да удри во средната пречка.

Кабината на камионот останала да виси над патот по судирот.

Четири лица во патничкото возило се однесени во болница. Степенот на нивните повреди не е веднаш познат.

Двете лица во камионот одбиле медицинска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Манчестер Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилно продавање на имотот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“ да ги принуди сопствениците на Манчестер Сити да го продадат клубот доколку се утврди дека незаконски го воделе. 

На Манчестер Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилно продавање на имотот

Ова го кажа шефот на тоа тело Дејвид Коган во подкастот Остатокот е фудбал и тоа е најновиот удар за владејачкото семејство на Обединетите Арапски Емирати.

IFR е ново владино тело кое ги надгледува финансиите и сопственоста на англиските клубови. Независната комисија веќе го прогласи Сити за виновен за повеќето од 115-те обвиненија за кршење на финансиските правила помеѓу 2009 и 2018 година, а клубот поднесе жалба. Одлуката по жалбата се очекува на 23 јануари 2027 година.

Коган: Имаме апсолутна моќ

„Нема да дозволам да бидам принуден на каква било пресуда во овој случај, но ние имаме моќ да побараме од сопственикот да се повлече од клубот“, рече Коган. На прашањето дали сопственикот може да го спречи да го стори тоа, тој одговори: „Не, не, не. Ние имаме апсолутна моќ да го сториме тоа“.

Шеикот Мансур го презеде Сити во 2008 година од поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра за околу 200 милиони фунти. Во следните 18 години ја собори доминацијата на Манчестер Јунајтед и изгради династија во синиот дел на градот, а сега му се заканува не само голема парична казна, туку и загуба на клубот.

Дејли Мејл: Сити сигурно ќе испадне

Дејли Мејл на почетокот на неделата, повикувајќи се на извори од врвот на англискиот фудбал, објави дека Сити сезонава го очекува толку голема бодовна казна што сигурно ќе испадне од Премиер лигата. Освен тоа, би добил и огромна парична казна.

Според истиот извор, на Сити би можел да му бидат одземени бодови и во Чемпионшип, за да не може веднаш да се врати во елитата. Сценаријата со испаѓање во Втората лига, четвртиот степен на англискиот фудбал или целосно исклучување од лигата во моментов се сметаат за неверојатни.

Таков расплет тешко би можел да се случи без заминувањето на најголемите ѕвезди. Ерлинг Халанд, Рајан Черки, Џанлуиџи Донарума и Јошко Гвардиол тешко би се согласиле да играат во втората лига, а можеби и повеќе од една сезона.

Тимот сѐ уште не попушта

Се уште нема проблеми на теренот. Под водство на Енцо Мареска, кој го наследи Пеп Гвардиола ова лето, Сити е на врвот во Премиер лигата со седум победи од седум натпревари. Во Лигата на шампионите на 14 октомври загуби на домашен терен од ПСЖ со 2:4.

Во вторникот на „Етихад“ го победија АЕК со 5:1, а Фил Фоден постигна три гола. Тоа беше негов прв хет-трик од април 2024 година, по речиси десет месеци без постигнат гол, а Мареска призна дека Фоден „не бил доволно добар“ во претходните две години.

Поранешните играчи го бранат периодот на успех. „Имавме одлични години заедно и освоивме многу титули. Никој не може да ни го одземе тоа, што и да се случи, бидејќи ја живеевме таа ноќ“, изјави Кајл Вокер, кој освои четири првенствени титули во низа со Сити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер