Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
2АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
МакедонијаБизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработкаДенеска во Стокхолм, Кралството Шведска, се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави.Денеска во Стокхолм, Кралството Шведска, се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Македонија и Кралство Шведска. На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој истакна дека и покрај географската оддалеченост, двете земји развиваат стабилна и динамична соработка на повеќе полиња, базирана на заеднички вредности, комплементарни економски структури и силно партнерство. Во своето обраќање, Димитровски посочи дека Шведска претставува еден од најзначајните партнери и донатори за Македонија во процесот на европска интеграција, особено преку поддршката од Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, која континуирано придонесува кон реформските политики во областа на одржливиот развој, животната средина, економската отпорност и инклузивниот економски раст. Тој нагласи дека трговската размена меѓу двете земји бележи континуиран раст, при што во последните пет години расте со просечна годишна стапка од над 16 проценти. Притоа, беше истакнато дека постои значителен неискористен потенцијал за продлабочување на економската соработка, особено во ИКТ секторот, зелените технологии, производството, иновациите и здравствените услуги. Во рамки на Форумот се обрати и државната секретарка во Кабинетот на премиерот на Кралство Шведска, Ана Далберг, која ја нагласи важноста на партнерството со нашата држава и поддршката за нејзиниот европски пат и економски развој. На маргините на Форумот, заменик министерот Димитровски оствари билатерална средба со државната секретарка Далберг, на која беа разгледани билатералната соработка, поддршката за европската интеграција, економските можности, како и актуелните безбедносни и политички предизвици во регионот и Европа. Во разговорите беше констатирано дека отворањето на Шведско-македонска стопанска комора, претставува ново поглавје во економските односи меѓу двете земји и важен чекор кон создавање долгорочни трговски и инвестициски партнерства. Беше потенцирано и дека повеќе од четириесет шведски компании веќе активно работат на македонскиот пазар, во области како автоиндустријата, телекомуникациите, медицинската опрема, текстилот, козметиката и трговијата, додека повеќе од педесет компании во Шведска се основани или управувани од македонски државјани, што дополнително ја потврдува силната економска поврзаност и потенцијалот за натамошен развој на соработката. Форумот претставуваше значајна можност за поврзување на институциите и бизнис-заедниците од двете земји, како и за поттикнување нови партнерства, инвестиции и економски иницијативи, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРакетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)Финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше погоден од ракетен напад, а инцидентот ја оштети зградата на нафтената компанија Сауди Арамко.Според информациите што ги објавија странските медиуми, прозорците на зградата биле скршени на неколку ката, додека дел од фасадата е оштетен, објави Лориент. Нападот се случил денес, откако воената коалиција предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала ракети лансирани од Јемен, за кои се вели дека им припаѓаат на јеменските бунтовници Хути. Сведоци потврдија за АФП дека бил погоден деловниот комплекс на Финансискиот округ Крал Абдула (КАФД), во кој се наоѓа и кулата Арамко. Според нив, штетата била видлива на неколку ката од зградата, вклучувајќи скршени прозорци и оштетување на фасадата. Footage from the site, and post-impact shows continuous smoke plumes rising from the upper floors of the damaged Al-Aqiq commercial tower in Riyadh as civil defense units secure the area. #SaudiArabia #Riyadh #AlAqiq @Natsecjeff https://t.co/6R01FMkTTe — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 8, 2026 Сепак, првичните извештаи не беа јасни дали зградата била директно погодена од ракета или штетата е предизвикана од остатоци од ракета што претходно била пресретната од воздушната одбрана. Саудиското Министерство за енергетика подоцна соопшти дека административната зграда на Арамко била цел на обидот за напад, но дека штетата била ограничена на остатоци. Според официјалните информации, немало повредени или смртни случаи во инцидентот. Воената коалиција соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила две крстосувачки ракети насочени кон Ријад и јужните делови на кралството. Нападот врз финансискиот центар предизвика особена загриженост бидејќи е еден од најпрепознатливите симболи на економските и социјалните реформи на Саудиска Арабија. Комплексот KAFD вклучува бројни канцелариски згради, финансиски институции, станбени згради, продавници и метро станица што ја користат многу луѓе секој ден. Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои ги интензивираа меѓусебните напади во последните месеци. Тензиите дополнително се зголемија откако Хутите ги обвинија саудиските сили за смртоносни напади врз цивили во Јемен. Засега нема потврда дека нападот предизвикал прекини во работата на „Арамко“ или на неговите нафтени постројки. Властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter