Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања - Канал 5

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач. 

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

,,Ова беше моја потреба да кажам некои работи кои одамна сакав да ги кажам. Да ја кажам вистината за мене од раѓање, од какво семејство потекнувам, кои биле моите предци, што работеле, колку имот имале, па потоа немале ништо со доаѓањето на национализацијата, дека јас лично пред 20 години почнав од нула, ама почнав со многу инженерско знаење, бизнис логика и преголема желба да успеам и да излезам од сиромашен живот’’- вели Анѓушев за неговата книга, напишана за три недели во јануари годинава.

Во еден дел се осврнува и на политиката, за која вели дека никогаш повеќе не сака да има никаква врска. Неговите погледи кон тоа како функционира државата како систем се сомничави, поради тоа што во последните 30 години, според него, не напредувавме доволно како држава и не се презеле храбри чекори. Во книгата дава предлози што би можело да помогне, иако како што вели, и самиот тој не добивал голема поддршка да ги спроведе кога лично бил дел од владата поради тоа што политиката кај нас е во принцип насочена кон дневно-политички опстојувања наместо кон стратешки решенија. Посакува и се надева новата власт и секоја идна власт да може да покаже поинакви резултати.

Како што заклучува на крајот, Анѓувшев ја напишал книгата за сепак да ги охрабри младите иднината да ја гледаат во Македонија.

,,Во оваа книга се обидов преку својот живот, преку своите искуства и грешки, да оставам едно четиво за сите кои денес се занимаваат или сакаат во иднина да се занимаваат со бизнис. Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење. И дека никогаш не треба да се откажувате’’-вели Анѓушев.

Ова е првпат Анѓушев да напише книга која е надвор од машинската струка, односно надвор неговите книги од кои се учи на Машинскиот факултет.

Од печат излезе на македонски и англиски јазик, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина. Ќе се продава во книжарите на Литература и во уште повеќе од 100 книжари и штандови за книги во хипермаркетите.

Двајца млади туристи се пронајдени мртви во базен во познато летувалиште

Двајца странски туристи се пронајдени мртви рано утрово во базен во популарното португалско одморалиште Албуфеира.

Двајца млади туристи се пронајдени мртви во базен во познато летувалиште

„Се случи во апартманите за одмор „Дуас Палмеирас“, изјави за „Диарио де Нотисиас“ извор од Регионалната команда за вонредни состојби и цивилна заштита во Алгарве, велејќи дека повикот за помош бил примен во 04:40 часот.

Нема сомнение дека е извршено какво било кривично дело и сè укажува дека прекумерната консумација на алкохол била причина за смртта на двајцата мажи во базенот, изјави извор од Истражната полиција (ПЈ) за агенцијата Луса.

На местото на настанот биле полицајци од ПЈ, кои сега ќе ги интервјуираат сведоците пред да донесат заклучок за тоа што навистина се случило, рече истиот извор.

Цивилната заштита во Алгарве соопшти дека на местото на настанот биле 15 оперативци, вклучувајќи пожарникари, Националниот институт за медицински итни случаи (ИНЕМ), Црвениот крст и Националната републиканска гарда (ГНР).

Според „Корејо да Мања“, жртвите биле на возраст од 27 и 29 години.

Идентитетите и националностите на туристите не се откриени.

Меџити: Потпишан договор за грант со ЕБРД ЕБОР за старт на втората фаза за управување со цврст отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша грант-договордоговор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБРОДР), во вредност до од 2 милиона евра.

Меџити: Потпишан договор за грант со ЕБРД ЕБОР за старт на втората фаза за управување со цврст отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша грант-договордоговор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБРОДР), во вредност до од 2 милиона евра, со кој започнува подготовката на втората фаза од Регионалниот проект за управување со цврст отпад во Македонија.

Грантот Овие 2 милиони евра грант средства за техничка поддршка, обезбедени преку Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (WBIF) се наменети за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион, како предуслов за изградба на современи санитарни депонии, претоварни станици и опрема за управување со отпад во регионот, според највисоките стандарди на ЕУ. и ЕБРД.

На настанот присуствуваа првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, и ппомошник Ддиректор претставничката на ЕБРД, Банкар за Македонија, Билјана Милошеска од ЕБОР.

„Со средствата за кои денеска потпишуваме грант-договордоговор за грант обезбедуваме техничка подготовка за Вардарскиот и Југоисточниот регион, што е предуслов за изградба на модерна инфраструктура: санитарни депонии, претоварни станици и систем за ефикасно управување со отпад.

Придобивките се конкретни – почиста животна средина, европски стандарди и директно подобрување на квалитетот на живот на граѓаните” - изјави министерот Изет Меџити на настанот.

Билјана Милошеска, ЕБОР изјави: „Овој проект претставува значаен чекор кон зелена и одржлива иднина во државата. Исто така, тој преставува прва иницијатива на Банката во овој сектор, поддржувајќи имплементација на системи за управување со отпад што се усогласени со ЕУ стандарди за повеќе од еден милион жители во три регионални плански области и 45 општини.“

Европскиот амбасадор Рокас истакна: „Зачувувањето на природните убавини на Северна Македонија бара решителна и ригорозна борба против цврстиот отпад на централно и локално ниво. Со 2 милиони евра грант финансирање од WBIF, ние ја продолжуваме посветеноста на ЕУ да ја поддржиме земјата во пронаоѓањето на најдобрите решенија за справување со проблемот со цврстиот отпад. Ова е само почетокот на тековната финансиска поддршка од ЕУ за Македонија во областа на животната средина и управувањето со отпад.“

Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со заем од ЕБОР од 55 милиони евра, кој беше претходно потпишан, вклучува изградба на санитарни депонии, трансфер станици и инфраструктура за собирање отпад во повеќе региони. Првата фаза, финансирана со транша од 47,5 милиони евра, веќе е во фаза на имплементација и опфаќа активности во регионот на Пелагонија, Југозападниот и Полошкиот регион.Регионалниот проект има вкупна вредност од околу 90 милиони евра и вклучува изградба на стратешка инфраструктура и набавка на механизација за управување со отпад. Во првата транша веќе се работи на активности во Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот регион, а денешниот грант овозможува техничка подготовка за активирање мобилизирање на проектите активности и во Вардарскиот и Југоисточниот регион. Грантот е дел од поширока финансиска поддршка обезбедена од ЕУ и WBIF која вклучува 21.7 милиони евра инвестициски грант кој ќе биде попишан во текот на имплементацијата на Регионалниот Проект за Управување со Цврст Отпад.

Со овој чекор, Министерството за животна средина и просторно планирање ја потврдува својата заложба за современо, ефикасно и европско управување со отпадот, во партнерство со меѓународните институции и во интерес на сите граѓани на Македонија, соопштуваат од Минситерството.

Рено 5 целосно преобразен во вистински теренски џип (ФОТО)

Новиот Renault 5 беше замислен како шармантен електричен градски автомобил, но германската куќа за тјунинг Delta 4x4 имаше сосема поинаква визија.

Рено 5 целосно преобразен во вистински теренски џип (ФОТО)

Во нивното толкување, слаткото мало станува робусно теренско возило инспирирано од легендарните рели автомобили, објави Билд.

Целта на трансформацијата беше јасна - да се претвори електричниот автомобил во компактна машина за сите терени, опремена со додатоци за терен. Промената е драстична и започнува со шасијата.

Од градски шминкер до теренски ѕвер

Автомобилот е поставен на 18-инчни алуминиумски тркала и масивни теренски гуми кои обезбедуваат значително подобро држење на неасфалтирани површини. Во комбинација со подигната суспензија за дури 100 милиметри, клиренсот од земјата е значително зголемен, што го прави подготвен за сериозни предизвици.

Четири дополнителни LED светла доминираат на предниот дел, како почит кон оригиналниот рели модел R5 Turbo. Иако браниците се земени од серискиот модел, ревидираниот R5 доби проширени браници и ефективни кожни ленти на моторот и капакот на багажникот. Целокупниот впечаток е заокружен со фолија со графика во стилот на рели.

Опрема за секоја авантура

На покривот има носач во стилот на Дакар рели, кој не е само декоративен. Во него се сместува целата потребна опрема за диво бегство:

• Две дополнителни LED светлосни ленти

• Различни контејнери за течности

• Синџири за снег

• Резервно тркало

• Плочи за собирање кал или песок

Живописна комбинација од жолта, тиркизна, розова и црна графика на бела позадина гарантира дека овој автомобил нема да остане незабележан никаде.

Електрично срце

И покрај елегантниот изглед, под лимот сепак има исклучиво електричен погон на предните тркала. Најмоќната сериска верзија на Рено 5 развива 150 КС, додека неговиот спортски брат Alpine A290 нуди значително поголема моќност со 218 КС.

Врвните модели од серијата R5 се опремени со капацитет на батерија од 52 kWh, што им овозможува да достигнат до 400 километри според WLTP циклусот. Сепак, со овој модифициран модел, таа бројка сигурно ќе биде помала. Агресивните гуми, полошата аеродинамика поради додатоците и поголемата маса ќе влијаат на автономијата на џипот, но имајќи ја предвид намената на возилото, тоа е очекуван компромис.

Засега, овој авантуристички „Рено 5“ постои само како рендер. Сепак, компанијата „Делта 4x4“ вели дека, во случај на доволен интерес од клиентите, би можеле да понудат комплетен комплет за конверзија и на тој начин да ги претворат соништата во реалност.

притисни ентер