Бизарен верижен судир на над 10 автомобили- сѐ се случи за момент (ВИДЕО) - Канал 5

Бизарен верижен судир на над 10 автомобили- сѐ се случи за момент (ВИДЕО)

Навидум безопасна ситуација на автопат во американскиот град Рочестер брзо се претвори во ужасна верижна несреќа, во која учествуваа повеќе од 10 автомобили!

Бизарен верижен судир на над 10 автомобили- сѐ се случи за момент (ВИДЕО)

Снимката, направена кон крајот на минатиот месец, е најдобар доказ дека секогаш е потребно да се држат „четири очи“ отворени во сообраќајот, бидејќи работите можат да излезат од контрола за секунда, дури и ако сте најискусниот возач на светот.

На верижната несреќа му претходеше „тропање“ на два автомобила... И не, тие не беа во лентата каде што потоа се случи сообраќајната несреќа.

Имено, двајцата возачи од „првата несреќа“ застанаа покрај патот за да разменат информации по мал судир. Додека разговараа покрај возилото, сообраќајот на автопатот до нив почна да се забавува, започнувајќи низа настани што повеќе не можеше да се запре.

Снимката од контролната камера покажува како сообраќајот одеднаш запира, а возачот на црвениот автомобил не реагира навреме и удира во задниот дел од Honda CR-V. Ова предизвикува верижна реакција. Некои возачи успеаја да избегнат судир со силно сопирање или скршнување, како возачите на „Хјундаи Тусон“ и „Субару Форестер“, но повеќето зад нив немаа доволно простор да реагираат.

Accident on 590
by u/Over_Information_374 in Rochester

За само неколку секунди, ситуацијата ескалираше. Друго возило се удри во колоната со релативно голема брзина, а потоа, судирите продолжија еден по друг.

Иако повеќето од судирите не беа доволно силни за да предизвикаат сериозни повреди, материјалната штета, како што може да се види на видеото, беше голема.

Конечниот удар, кој не е видлив на видеото, но може јасно да се слушне, беше особено силен, а делови од автомобилот беа оставени расфрлани по патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи значително дополнително месечно оптоварување.

Истовремено, според презентираните податоци, месечните трошоци за транспорт се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително го зголемува притисокот врз семејните буџети.

Дали ова е политиката на „грижа за граѓанинот“ што ја нуди власта?

Наместо да се креираат политики за подостапен јавен транспорт и за поддршка на студентите и вработените кои секојдневно патуваат, граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени.

ДУИ бара од надлежните институции јавно да ги објаснат причините за ова зголемување и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и категориите кои зависат од меѓуградскиот транспорт.

Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. 

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.

На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Шест пожари на отворено се активни во земјава, откако само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. 

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Најкомплексен е пожарот кај Рамно, во Чучер Сандево, каде поради непристапниот терен и силниот ветер интервенираат пожарникари, екипи на ДЗС, Армијата и полициски хеликоптер, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот кај Грачани и Никиштане, кој од Косово премина на македонска територија, се спушта кон Лепенец со намален интензитет и се очекува денеска да биде ставен под целосна контрола. Активни пожари има и кај Струга и Дебар, Тајмиште и Белица.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност поради високите температури и силниот ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер