Битолскиот театар го слави Светскиот ден на театарот - Канал 5

Битолскиот театар го слави Светскиот ден на театарот

Ансамблот на Народниот театар од Битола денеска го слави 27 март – Светски ден на театарот и според востановената традиција вечер на сцената „Благој Стефановски-Баге" ќе ја презентира последната премиерна претстава „Ноќта кога ја убив месечината".

Битолскиот театар го слави Светскиот ден на театарот

Пред почетокот на претставата, публиката во Битола ќе ги чуе македонската порака, чиј автор е актерката Сузан Акбелге од Турскиот театар од Скопје, како и пораката на Хелен Мирен, актерка од Велика Британија.

– Во далечната 1606 година кога во Лондон за време на големата чума театрите биле повеќе затворени отколку отворени, Вилијам Шекспир во самоизолација ги создал двете култни драми Кралот Лир и Магбет... Актерите ги напуштиле големите градови додека претставите се изведувале на отворено во помалите места. Кризите секогаш се шанса за преобразба. Какви суштински промени ќе донесат последиците од пандемијата сѐуште не знаеме, но она што со сигурност го знаеме е дека светот во којшто човечката жед за консумирање го достигна врвот, наспроти битисувањето и креирањето, човечката рамнодушност кон сѐ околу него, општествената матрица која на сила втурнува политички чиновници кои уништуваат институции и цели генерации луѓе… актери, е неодржлив и дека промените се неминовни и нужни како на општествено, така и на социјално, економско, човечко и културолошко ниво, се нагласува во пораката напишана од Акбелге која вечер во Битола ќе ја прочита актерката Марија Стефановска.

Пред културниот аудиториум во Битола ќе биде прочитана и меѓународната порака на британската актерка Хелен Мирен која посочува дека ова време е многу тешко за изведувачките уметности, тешко е за многуте уметници, техничари и занаетчии, за жените кои се борат за своето место во оваа професија, која бездруго е обележена со несигурност. Според Хелен Мирен, оваа постојано присутна несигурност, ги направи театарџиите поспособни да ја преживеат оваа пандемија со мудрост и храброст.

Како што е познато актери на НУ Нроден театар-Битола најновата премиера „Ноќта кога ја убив месечината" ја подготвија во време на пандемија која според репертоарот и вечер ќе се одигра пред публика, а ќе настапат Марјан Ѓоргиевски, Александар Копања и Валнтин Светозарев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Скапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild).

Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри.

„Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“.

Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри.

Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6.

Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години.

Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот.

„Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13-годишно девојче загина во Германија, удрено од возач кој бегал од полицијата (ВИДЕО)

13-годишно девојче загина во близина на Ашафенбург откако било удрено од возач кој бегал од полицијата.

13-годишно девојче загина во Германија, удрено од возач кој бегал од полицијата (ВИДЕО)

Според весникот „Билд“, мажот се обидел да избегне полициска контрола бидејќи на неговиот автомобил од марката „Мицубиши“ имало украдени регистарски таблички.

YouTube video

Детали за полициската потера

Според полицискиот извештај, за време на бегството, возачот возел со голема брзина по тротоарот, удрил во две други возила, а потоа и во девојчето. Од силината на ударот, таа била отфрлена зад една жива ограда. Пожарникарите ја пронашле без знаци на живот, а и покрај напорите на итните служби да ја спасат, таа им подлегнала на повредите. Во инцидентот се повредени уште две лица.

Возачот и сопатникот се приведени

Полицијата ги уапсила 32-годишниот возач и неговиот 34-годишен сопатник. Одделот за криминалистички истраги спроведува истрага за да се утврдат сите околности поврзани со настанот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер