РакометБитола прв домаќин на македонските ракометни селекцииНовата пракса во работата на македонските ракометни репрезентации стартуваше денеска во Битола, каде се одржа собир на кој селекторот Лино Червар прозиваше 30 ракометари од домашниот шампионат. Голем дел од нив се потенцијални или актуелни репрезентации, а целта на собирот е бројот на идни репрезентативци да биде уште поголем, од кои пак во блиска иднина треба да биде подмладена сениорската репрезентација. - Предложив на управниот одбор на РФМ да излеземе од Скопје и да се доближиме до центрите на ракометот во нашата земја. Еве екипирани доаѓаме во Битола, во градот на ракометот и верувам дека ова е само почеток и дека ќе ги посетиме и другите центри, дека ќе одиме во Прилеп, Велес, Богданци. Наша цел е во континуитет да бидеме на големите приредби. Со пласманот во Франција направивме голем исчекор, но тука нема да застанеме. Знаете дека имавме една стара репрезентација, сега подмладуваме, но мора да се има и трпение. Наша голема цел е да бидеме дел од Европското првенство во Хрватска. Имаме млади ракометари кои созреваат секој ден и селекцијата е процес кој нема крај. Сега тука имаме 30 ракометари, наредниот собир веројатно ќе бидат други и тоа е кругот кој се врти, рече Червар. Еднодневниот собир заврши со заеднички ручек, а ваквиот начин на работа ќе стане пракса на сите селекции во иднина. Веќе за 3 октомври е закажан следниот собир, а третиот ќе биде на 14 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter