Битка за Карпош – какви се очекувањата на граѓаните и на кандидатите за градоначалник? - Канал 5

Битка за Карпош – какви се очекувањата на граѓаните и на кандидатите за градоначалник?

Наместо да бидат паркиралишта, тротоарите да им се вратат на пешаците – порачуваат Карпошани до нивниот иден градоначалник. 

Битка за Карпош – какви се очекувањата на граѓаните и на кандидатите за градоначалник?

По крајот на изборната трка, очекуваат оној кој ќе ја добие нивната доверба да се заангажира и околу проблемите со сметот, одржувањето на зелените површини како и ставање крај на бетонизацијата..

И Јакимовски и Лукровски го посочуваат недостатокот на паркинг простор во Карпош како еден од најгорливите проблеми во општината. Јакимовски во наредните 4 години најавува изградба на 10 катни гатажи и неколку платформи низ најфрекфентните делови од општината.

Најголеми проблеми ни прават гостите од Сити Мол кои што се надвор од нашата општина и кои ги оставаат возилата во околните делови, тоа значи дека и Таталиџе 1 и Таталиџе 2 ќе оди и Карпош 4, а со тоа значи и Порта Влае. - Стефчо Јакимовски

Лукровски пак ветува монтажни катни гаражи со капацитет од 600 нови паркинг места.

- Најголемиот проблем на Карпошани е актуелниот градоначалник кој допринесе за сите овие проблеми .. Од кога ќе ги направиме платформите ќе видиме дали повторно имаме проблем и тек тогаш ќе размислуваме за платен паркинг во секој случај паркингот ќе биде бесплатен за граѓаните на Карпош.- Сотир Лукровски

Јакимовски смета дека на урбанистичка план Карпош треба да се гради во висина, а Лукровски планира да формира ново јавно претпријатие..

И двајцата во недела очекуваат победа – Јакимовски за петти мандат, Лукровски за прв... конкретно не разговарале за поддршка од останатите 3ца кандидати кои не успеаа да влезат во трката во вториот круг, но велат дека ја очекуваат поддршката од сите граѓани без разлика на нивната политичка определба.

- Имајки во предвид дека сите тие за прв пат се појавуваат како кандидати за градоначалници, според мене тој е значаен број на гласови кој што го освоиле им упатив честитки инаку јас немам побарано од ниту еден од нив подршка.- Стефчо Јакимовски

- Пред се ние сме во една коалиција со граѓаните би рекол јас и сметам дека без разлика на определбата добар дел од нив ќе ни ја дадат подршката кои немаат свој кандидат во вториот круг.- Сотир Лукровски

Во првиот изборен круг Лукровски освои над 10.000 гласа или 34%, Јакимовски имаше околу 8.700, или 29%. Изборната трка по првиот круг заврши за Маја Мојсова Мијовска од СДСМ, Антонио Димитров од Левица, како и за независната кандидатка Невена Георгиевска кои вкупно имаа околу 9.000 гласа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 29. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 29. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 29. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” .

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех.

Здравје и совет

Прво промислете , а потоа делувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење.

Кариера

Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија.

Здравје и совет

Освежете се на чист воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата.

Кариера

Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи.

Здравје и совет

Релаксирајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка.

Кариера

Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи.

Здравје и совет

Можна е мала настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини.

Кариера

Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите.

Здравје и совет

Крајот делото го краси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат.

Кариера

Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став.

Здравје и совет

Сега живеете уредно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте.

Кариера

Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално.

Здравје и совет

Ќе знаете да се справите со проблемите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило.

Кариера

Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех.

Кариера

Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив.

Кариера

Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Мала меланхолија.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро.

Кариера

Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат.

Здравје и совет

Не освојувајте по секоја цена.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската.

Кариера

Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план.

Здравје и совет

Не можете вие да одработите за другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности

Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. 

Баба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности

Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата.

Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности.

Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото?

Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти.

Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите.

Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година.

Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија

Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија.

И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка.

Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот

Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија.

Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга.

Приказната за натчовечките способности веќе кружи

Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа.

Од каде прогнозите за поединечни години?

Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната.

За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Суд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times.

Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер.

Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија.

На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн.

„Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој.

На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“.

Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR.

Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер