Битиќи: Забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој води кон просперитет - Канал 5

Битиќи: Забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој води кон просперитет

Економска меѓузависност во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој  води кон просперитет.

Битиќи: Забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој  води кон просперитет

Во пикот на кризата Владата донесе и имплементираше околу 110 мерки дефинирани во шест пакети. Заради фактот што животниот стандард на граѓаните ни беше најважен мерките ги насочивме за да ја зачуваме нивната куповна моќ во екстремни услови и на тој начин да обезбедиме олеснето задоволување на основните потреби, потсети денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Овие мерки имаа позитивни ефекти и кон стопанството затоа што одржувајќи ја побарувачката на пазарот се спречуваше домино ефектот на затворање на бизниси и губење на работни места, изјави Битиќи пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк на кој стана збор за можностите за справување со кризи во иднина, плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.

Нагласи дека меѓународните финансиски институции укажаа дека доколку не би биле мерките би биле изгубени 80 илјади работни места во државава.

-Реагиравме и во делот на поддршка на ликвидноста за компаниите успешно да ги исполнуваат своите краткорочни обврски како што се исплата на плати на вработени дури и во ситуации кога дел од нив се соочуваа со нарушени приходи, рече Битиќи.

Како претставник на Владата, додаде, на форумот има што да кажам и кои се нашите визии и конкретни системски мерки кои ќе ја зголемат адаптивноста и отпорноста на економијата во иднина.

-Мораме да ја избегнуваме економската пракса на создавање на зависности. Воспоставување на економска меѓузависност во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој води кон просперитет, раст и развој. Токму кризата ја оправда и ја нагласи потребата од усвојување на Националната развојна стратегија која ќе претставува визија за развојот на нашата држава и општество во претстојните две декади. Преку приоритизација на стратешките развојни области и поставувајќи механизам за соодветно искористување на ресурсите со кои располагаме како држава, стратегијата ќе овозможи флексибилност и отпорност на севкупното општество кон надворешни економски шокови, потенцира Битиќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер