Битиќи: На земјава ѝ недостигаат 10.000 работници

Околу 10 илјади работници годишно и недостигаат на земјава, тврди вицепремиерот Фатмир Битиќи. 

Најзагрозени се секторите градежништво, хотелиерство и туризам бидејќи најголем дел работници од тие дејности, како што кажа Битиќи, одат во држави каде има далеку повисоки плати и подобри услови. Па така, Владата проблемот ќе го решава преку доквалификација на домашниот кадар, но и со увоз на работна сила. Битиќи вели вратите се отворени за работници од сите земји.

„Бегаат за што повисоки просечни плати. Просечната плата кај нас достигна 550 евра, платата каде одат нашите работници да работат е 1 100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат работници во рударството, па и во градежништвото е просечна 200 евра. Тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро. / Сметам прво луѓето од регионот првично треба да се искористат, потоа оставаме отворено. Нема дефинирано од каде, нема дефинирано квоти, отвораме дискусија, но сметаме дека тоа е актуелен проблем. Граѓаните сакаат подобори услуги и подобри патишта кои треба да се изградат.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Еден од најдобрите начини да се обезбедува квалификуван млад кадар е преку дуално образование, порачува германскиот амбасадор во земјава Ото Граф. Оваа пракса, во која средношколците истовремено и учат и почнуваат со работа, веќе ја имаат воспоставено германските инвеститори во земјава.

„Да имате еден подинамичен пристап. Да ја преземете одговорноста и тоа е нешто што тука го прават германските компании. Многу се поддржува дуалното стручно образование, значи тие не чекаат да има доволен број на работна сила, туку самите го даваат својот придонес за да се осигураат дека ќе има доволно квалификуван кадар и во иднина. Сите ние треба да го дадеме својот придонес, кога велам сите, тоа е Владата, образовните институции и се разбира германските претпријатија кои се тука активни.“ кажа Ото Граф, в.д. германски амбасадор.

Колку луѓе се исселени официјални податоци нема, но последните податоци за отпишувањето на децата од училиштата ширум државата, потвдија дека масовно си одат. Најчеста дестинација од европските земји е токму Германија, а последниве години тренд е и сезонската работа во хотелите и ресторани долж хрватската ривиера.

ОН: Околу 30.000 луѓе секој ден ја напуштаа Рафа, таму нема ни храна ни вода

Околу 30.000 луѓе ја напуштаат Рафа секој ден за да побегнат од заканата од голема израелска офанзива, а сега има околу 110.000 кои побарале засолниште на друго место во тесната енклава, рекоа претставници на ОН.

„Последната наредба за евакуација на израелската влада поврзана со воената операција во Газа се однесува на повеќе од 110.000 или повеќе раселени на север“, рече Георгиос Петропулос, од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) во Газа.

„Секој ден, околу 30.000 луѓе ја напуштаат Рафа“, рече тој, додавајќи дека повеќето од нив веќе биле раселени пет до шест пати од почетокот на борбите меѓу Израел и Хамас.

Според ОН, околу 1,4 милиони луѓе се насобрале во градот на југот на енклавата, бегајќи од жестоките борби и бомбардирањето на северот.

ОН додаваат дека израелската армија започнала ограничена копнена операција и го затворила преминот меѓу Рафа и Египет, клучна рута за испорака на хуманитарна помош.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети посеопфатна операција за уништување на Хамас, исламистичкото движење кое владее со Појасот Газа.

OCHA предупредува дека без гориво, голем број здравствени институции, вклучително и болниците под контрола на Хамас и УНРВА и клиниките, ќе имаат потешкотии да продолжат со својата работа, како и недостатокот на вода за пиење на северот на енклавата и во градот Газа, каде околу 450.000 луѓе имаат ограничен пристап до вода, што исто така е проблем. Не успеа снабдувањето со вода за пиење во Рафа.

Светската програма за храна (WFP) и UNRWA треба да дистрибуираат само дел од храната во наредните денови бидејќи главниот магацин на WFP е недостапен, прецизира OCHA, а веќе два дена нема храна во Рафа.

Берлин ја дава бесплатно огромната вила на Гебелс- сите се плашат да живеат во неа (ВИДЕО)

Германските власти нудат да отстапат огромен замок со 17 хектари земја, моментално во сопственост на Берлин, по децениски залудни обиди да најдат купувач.

Сенаторот Стефан Еверс најавува дека државата е подготвена да ја даде дотраената зграда и имот „на секој што е заинтересиран“.

Што е проблемот? Државата повеќе не сака да плаќа астрономски трошоци за одржување, но како никој од граѓаните не е заинтересиран?!

Проблемот е во поранешниот сопственик, кој е директно поврзан со мрачното минато на Германија. Станува збор за министерот за пропаганда Џозеф Гебелс, еден од најблиските и најверните соработници на Адолф Хитлер.

Тој наредил изградба на вилата во 1936 година, а ја користел за забави и дружење со личности од различни сфери.

По падот на нацистичкиот режим, сојузниците ја користеле вилата како воена болница, пред да премине во рацете на Советите, кои ја претвориле во младински камп.

Некогаш луксузната зграда, која се наоѓа на 16 километри од Берлин, е напуштена од 2000 година и е опкружена со густа шума. Во близина е езерото Богенсе.

Сенаторот Еверс предупреди дека државата нема да има друга опција освен да ја урне вилата доколку не најде заинтересирана страна, пренесува Телеграф.

Се проценува дека рушењето би чинело околу 50 милиони евра.

Градоначалникот на Лондон на удар на јавноста и тоа поради зеленото одело (ФОТО)

Исто како што британскиот премиер Риши Сунак беше принуден да се извини што носел патикина Адидас, градоначалникот на Лондон Садик Кан е на удар на критики за носење одело што многу Британци го носат кога се поканети на свадба.

Градоначалникот на Лондон покажа одлична фигура на насловната страница на „Evening Standard“ во зелен ленен дводелен костум на брендот „Percival“, пишува Independent.

Но, опуштената силуета на градоначалникот го привлече вниманието на лондончани не само поради летната боја, објави Индипендент.

Многу корисници на социјалните мрежи признаа дека го имаат истиот костум „Percival“ во нивните плакари за специјални прилики и се пошегуваа дека одлуката на Кан не била воопшто кул и дека им ги уништила плановите да го носат кога ќе бидат поканети на свадба.

Негодувањето поради облеката на градоначалникот на Лондон доаѓа откако Риши Сунак се соочи со брутални критики од обожавателите на самбите на Адидас, кои го обвинија дека ги „уништил“ кога ги носел на прес-конференција.

По негодувањето на социјалните мрежи од навивачка група на Адидас, Сунак ѝ се извини на заедницата на Самбас, но во своја одбрана рече дека неколку години носи патики на Адидас, вклучувајќи ги Самбас и други.

притисни ентер