Бислимската Клисура викенд-дестинација за кумановци, место со огромен потенцијал за развој - Канал 5

Бислимската Клисура викенд-дестинација за кумановци, место со огромен потенцијал за развој

Бислимската Клисура, иако мала по должина од само седум километри, стана вистинска атракција за кумановци, кои секое слободно време го поминуваат таму, особено сега во вонредната состојба, поради пандемијата со КОВИД-19. 

Бислимската Клисура викенд-дестинација за кумановци, место со огромен потенцијал за развој

Сместена е на околу пет километри од Куманово од вливот на Кумановска Река до селото Пчиња. Младите и рекреативците секојдневно споделуваат фотографии од прекрасната природа од Бислимската Клисура.

Мистичното место за кое се врзуваат бројни легенди и за скриено богатство и дом на огромни орли, кои веќе со децении никој не ги видел, стана викенд-дестинација за младите и рекреативците. Изминативе години, мини кањонот го посетуваа само планинари, рибари и љубители на адреналински спортови. Општина Куманово, бројни невладини организации и граѓански здруженија со години се обидуваат да ја промовираат клисурата како атракција. Но, по сè изгледа дека сега во невообичаено време на пандемија местото ја доживува својата експанзија. И претставникот од одделението за животна средина од Општина Куманово и воедно еден од основачите на локалната акциска група ЛАГ „АБЕР 2015", Драган Чунгурски, потврдува дека за време на викендите бројот на посетители на клисурата изнесува околу 1000.

– Во овој период Бислимската Клисура ја доживува својата експанзија, но за да го задржиме овој позитивен тренд, мора сите чинители активно и сериозно да се вклучат, почнувајќи од локалната самоуправа, планските региони, невладините организации и најмногу населението од околните села, односно месните заедници, вели Чунгурски, кој е магистер на агроекономски науки и претпристапни фондови од ЕУ.

За флористичкото богатство на Бислимската Клисура најдобро зборува податокот дека на овој простор егзистираат преку 1.100 растителни видови виши растенија, сместени во повеќе од 90 фамилии и преку 400 рода, големо богатство на нижи растенија преку разновидни печурки, кои можат да бидат користени во процесот на исхрана. Дека флористичкиот диверзитет е многу богат на овој простор покажуваат теренските истражувања и податоците од литературата во кои се наведуваат голем број ендемити и реликти. Сето тоа овој простор го става во биолошки многу значајни подрачја, а со тоа и атрактивен за љубителите на природата, кои имаат можност на самото место да ги видат и да ги фотографираат разновидните растенија. Некои растенија што можат да ги сретнат се толку ретки ги има само на уште едно или две места во светот, како на пр. Astragalus haarbachii Sprun. (1849) – Харбахов козинец или Dianthus pinifolius Sibith. et Sm. (1809) – иглолистен каранфил и многу други.

И самиот Чунгурски, кој сега работи на проекти за промоција на клисурата, вели дека пред седум години, кога првпат ја посетил, заедно со професори и студенти од Кабинетот за географија од Природно-математичкиот факултет, не можел да поверува колку убаво место има во близина на Куманово.

– При посетата, за жал, сфатив дека приказните што сум ги слушал имале мотив за прераскажување. Ретките орли што живееле таму со векови веќе се во изумирање и скоро ги нема, а дивите копачи си го направиле своето, уништиле поголем дел од нашето културно наследство. Тогаш решивме дека ова место треба да се заштити и да се зачува природата и убавината што ја нуди за нас луѓето. Прво што направивме беше изготовка на студија за валоризација на природни и културни потенцијали во Бислимската Клисура во функција на туристички развој со идејно урбанистичко решение на потег од 7 км по течението на клисурата, која треба да ја имаат предвид државните институции при креирање на сите други стратегиски документи во оваа област – вели Чунгруски.

Првиот проект каде што работел како проектен менаџер бил финансиран од страна на АФПЗРР и опфатил поставување урбана опрема (информативни табли, клупи за одмор, видиковец со панорамски поглед и сл.) и трасирање и уредување на една пешачка патека во должина од два и пол километри во кањонот.

Вториот проект бил подготовка на документарен филм за потенцијалите на Бислимската Клисура Дојдете ! Видете ! Уживајте ! И зборувајте за убавините на Бислимска Клисура!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер