Бислимоски: Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати по случувањата со Иран и Израел

Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен Македонија, земји-членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

Ситуацијата на Блискиот Исток и последиците врз цените на нафтата, беше главната тема на денешниот состанок на Бордот на регулатори на Енергетска заедница, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски за МИА од Атина вели дека не е исклучен „ефект кон цените на нафтените деривати“.

-Новите геостратешки случувања на Блискиот Исток потврдуваат дека нема предвидливост ниту пак извесност кога цените на енергенсите се во прашања. Очекувавме дека ова ќе биде конечно мирен енергетски регулаторен состанок, но едно е сигурно дека „вонредната состојба” е ново нормално за сите енергенси. Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати сега по случувањата со Иран и Израел. Разговаравме и за тоа каква е положбата на земјите од кои доаѓаат регулаторите во Енергетската Заедница. Сите сме увозно зависни земји на нафта, освен Србија што има мал обем на производство. Освен во секојдневното живеење, овој енергенс е тесно врзан и со стопанството и економијата воопшто како составен дел од функционирањето, вели Бислимоски за МИА.

Дополнително истакнува дека внимателно и во согласност со одлуките од ОПЕК и насоките од големите земји произведувачи на нафта ќе се преземаат чекори за да се амортизира евентуален ценовен удар.

-Паралелно сите се соочуваме со сајбер напади на енергетската критична инфраструктура. Потребно е да се зајакне овој сегмент, затоа што последиците можат да го „узрпираат” функционирањето на електроенергетскиот систем, додава претседателот на РЕК.

На денешниот состанок Бордот на регулатори на Енергетска заедница ќе одбере нов претседател на Бордот, со оглед на тоа дека Бислимоски во декември го заврши вториот мандат.

Новиот претседател требаше да биде избран на минатиот состанок на регулаторите во декември, но ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, со што мандатот на Бислимоски му се продолжи уште шест месеци.

Претседателот на РКЕ во декември 2019 година едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, две години подоцна, во ноември 2021 година доби втор, двегодишен мандат.

Двата мандати во Енергетската заедница беа во период на неколку последователни кризи.

Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен Македонија, земји-членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија. /МИА

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија - „Бистро-Матно“

Според  барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и об

Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија за април по нивното следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, во „бистрите“ настани ги посочува уапсените 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник и МВР ќе поднесе две кривични пријави поврзани со изборите.

Според барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, како и оценката од Фридом Хаус за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија. Посочни се и случаите на Управниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, жалбите од граѓаните кај Омбудсманот за долги предистражни постапки на ОЈО Скопје со што застаруваат кривичните дела и Управниот суд кој поништи над 3.000 решенија за унапредување и вработување во Министерството за финансии и јавниот сектор.

Нов инцидент меѓу Кина и Филипините во Јужното Кинеско Море

Филипините денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен во Јужното Кинеско Море, а Пекинг потврди дека „одбил“ чамци од островот.

- Кинеската крајбрежна стража повторно постави пловечка бариера од 380 метри, со што го ограничи пристапот до областа на гребенот Скарборо, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража.

Кина постави слична пловечка бариера на таа локација во септември 2023 година, која беше демонтирана неколку дена подоцна од страна на филипинската крајбрежна стража.

- На 30 април кинеската крајбрежна стража, во согласност со законот, одби филипински бродови кои влегоа во водите кај островот Хуангјан, се вели во соопштението на кинеските власти.

Гребенот Скарборо се наоѓа на 240 километри западно од главниот филипински остров Лузон и речиси 900 километри од кинескиот остров Хаинан, јужно од брегот на Кина, која полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море.

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

притисни ентер