3Норвешка прави огромен тунел низ планина за да поминуваат бродови- прв ваков потфат во светот (ВИДЕО)
Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
1Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
2Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
БалканБИРН: Кол-центри во Белград измамиле луѓе за околу 250 милиони евраГрупа кол-центри од Белград измамила луѓе ширум светот за околу 250 милиони евра преку лажни финансиски инвестиции. Зад мрежата на поврзани компании и инвестициски платформи, меѓу кои бил и спонзорот на англискиот ФК Лидс, трагата води до Израелец претходно осуден за перење пари, откриваат БИРН и Investigate Europe. Се проценува дека група кол-центри од Белград, кои се под истрага на српското и германското обвинителство, измамиле околу 70.000 луѓе нудејќи лажни финансиски инвестиции, како што се тргување со девизи и криптовалути. Германската полиција проценува дека вкупната штета може да достигне до 250 милиони евра, а жртвите се во Германија, Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Австрија, како и во Австралија и Канада. Израелските менаџери биле на врвот, српските менаџери управувале со секојдневните операции и биле задолжени за контактирање со жртвите. На осомничениот израелски менаџер Шаи Дорани му бил запленет имот од обвинителството во Србија во вредност од околу еден милион евра, вклучувајќи стан во Белград на вода. Дорани ја напуштил Србија во јануари 2023 година, избегнувајќи апсење. БИРН и Investigate Europe откриваат дека израелскиот бизнисмен Елиран Овед и неговата сопруга Лиат Курц Овед - преку мрежа од фиктивни компании и долгогодишни соработници - се поврзани со кол-центри и лажни инвестициски платформи преку кои луѓето се измамени. На прв поглед, немаше ништо необично во врска со „Олимпус Прајм“. Сместена во модерно дизајнирана деловна зграда во Нов Белград, компанијата делеше простор со кинески културен центар и луксузен хотел. „Канцелариите изгледаа сосема нормално, како и секоја друга корпоративна канцеларија - многу маси, столови и компјутери“, изјави за БИРН Борис Мајлат, обвинител за високотехнолошки криминал, опишувајќи го дождливото утро на 11 јануари 2023 година, кога полицијата изврши рација во просториите на четири фирми, вклучувајќи ја и „Олимпус Прајм“. За него фактот дека вработените седеле пред компјутерите сосема ладнокрвно, и покрај влегувањето на вооружени полицајци, беше подеднакво изненадувачки. Се покажа дека биле обучени за вакви ситуации. Во едно од видео снимките за обука што ги заплени полицијата за време на рацијата, израелските менаџери им објаснуваат на вработените како да се однесуваат ако дојде полицијата: „Кажете им дека нудите само едукативни материјали, ништо повеќе.“ Истрагата покажа дека зад појавата на легитимен бизнис во кол-центар стои организирана криминална мрежа која измамила десетици илјади луѓе ширум светот нудејќи лажни финансиски инвестиции, како што е тргување со девизи и криптовалути. Освен во „Олимпус Прајм“, полицијата изврши рација во уште три поврзани кол-центри во Белград - „Ман Маркетинг“, „НПД Партнер“ и „Асгард д.о.о.“. Операцијата ја водеше Европол, а беше спроведена на 22 локации во Србија, Бугарија и Кипар - по иницијатива на Германија, до која исто така се обратија првите жртви. Вработените во кол-центрите во Белград беа распоредени во тимови кои беа насочени кон граѓани од различни земји во светот, обраќајќи им се на нивните јазици. Користејќи лажни имиња, лажни идентитети и однапред спакувани реченици, тие се претставуваа како финансиски советници за да добијат доверба и да извлечат пари од жртвите, од кои некои беа пензионери кои останаа без своите заштеди. Внатрешните разговори пронајдени во кол-центрите сугерираат дека агентите биле свесни за измамите, без никаква симпатија кон своите жртви - понекогаш нарекувајќи ги „идиоти“. Во една преписка, откако агентот изјавил дека жртвата има 40.000 евра за инвестирање, неговиот колега одговорил: „Одлично, украдете ги!“ Медиумите откриваат дека кол-центарот „Олимпус Прајм“ се потпирал на јасна хиерархиска структура: израелските менаџери биле на врвот, српските менаџери управувале со секојдневните операции и биле задолжени за контактирање со жртвите. Обвинителството ги замрзна средствата на Израелецот, кој е осомничен за водење на „Олимпус Прајм“, во Србија, чија вредност се проценува на еден милион евра, вклучувајќи и стан во населбата Белград на Вода. Според германската полиција, која одговори на нашите прашања преку е-пошта, околу 70.000 луѓе биле измамени, а вкупната штета се проценува на околу 250 милиони евра. Во Србија, 21 лице е обвинето за измама, штетата се проценува на 3,4 милиони евра, но обвинението чека потврда од судот. Пошироката истрага е сè уште во тек - во Србија и Германија - сепак, лицата зад целата шема продолжуваат да им бегаат на властите. На социјалните медиуми, Овед изгледаат како успешна брачна двојка која објавува фотографии од егзотични патувања и маскенбалови. Елиран Овед, кој е и сопственик на израелскиот фудбалски клуб Бнеи Јехуда, неодамна доби признание од претседателот на Израел, Исак Херцог, за значајната општествена ангажираност на неговиот тим. БИРН и Investigate Europe откриваат дека кол-центарот „Олимус Прајм“, во кој полицијата изврши рација во јануари 2023 година, бил во сопственост на кипарскиот државјанин и поранешен фудбалер Никос Андреу, близок соработник на семејството Овед, кој управувал со неколку нивни компании. Покрај него, доверливи соработници на израелското семејство се бугарската адвокатка Вера Начкова Андонова и Милош Радивојевиќ, Србин со бугарско државјанство, кој е сопруг на Андонова. Радивојевиќ е единствениот кој е официјално под истрага на српските власти во врска со кол-центрите, како дел од истрагата за перење пари. Тројцата биле директори во пет компании контролирани од парот Овед, а имале сопственички удели во најмалку 14 поврзани компании. Истражувањето, исто така, открива дека бројни измамнички платформи за онлајн трговија што им биле препорачувани на жртвите од просториите на Olympus Prime и други белградски кол-центри се поврзани со израелскиот пар или нивните долгогодишни деловни соработници. Овие платформи дури вклучуваат и FXVC - поранешен спонзор на фудбалскиот клуб од Премиер лигата Лидс Јунајтед - како и PrimeOT, Greenfields Capital, кои нуделе онлајн трговија со криптовалути, странски валути и други финансиски производи. Сите овие страници се означени од регулаторите како високоризични и се затворени. Четири белградски кол-центри поврзани со Овед ги измамиле жртвите во Германија, Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Австрија, како и во Австралија и Канада. Податоците за жртвите пронајдени во компанијата Olympus Prime, кои ги добивме преку извор близок до иполицијата, покажуваат дека некои луѓе изгубиле само неколку стотици евра, додека други изгубиле повеќе од еден милион евра.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БизарноТри години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години. Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди. Не секогаш имал поддршка Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра. „Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој. Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање. Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари. На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј. Тој имаше и поскапа желба Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени. Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа. View this post on Instagram A post shared by India Trend | Viral News (@indiatrend.in) Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети. Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии. Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.Тагови: монети скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНаставничка призна вина, откако роди дете чиј татко е нејзин 13 – годишен ученик (ВИДЕО)Сега веќе поранешна наставничка за петто одделение се изјасни за виновна во Њу Џерси откако роди дете за кое обвинителите велат дека било зачнато од ученик кој во тоа време имал 13 години!Лора Карон, 36, се изјасни за виновна за кривично дело од втор степен за загрозување на благосостојбата на дете преку сексуално однесување, како дел од спогодбата за признавање на вина што бара од неа да се откаже од лиценцата за наставник и од секое идно јавно вработување, објави Пипл. Карон првично беше обвинета за тешка сексуална злоупотреба, сексуален напад и загрозување на благосостојбата на дете откако обвинителите рекоа дека таа била во врска со ученикот со години, почнувајќи од кога тој имал 11 години и бил во нејзиното петто одделение. NJ teacher who had baby with 13-year-old student pleads guilty - despite victim defending her https://t.co/pKHwNGxVZN https://t.co/ugolhNCrmJ — New York Post (@nypost) October 31, 2026 Според наводите на обвинителите на рочиштето за старателство во 2025 година, сексуалниот контакт со ученикот започнал во 2016 година и траел четири години, што резултирало со раѓање на дете во 2019 година, наводно чиј татко бил тогаш 13-годишно момче. Обвинителите рекоа дека Карон била пријателка на семејството на жртвата и договорила детето да остане во нејзиниот дом. Ова на крајот доведе до тоа момчето да живее со неа, сè додека полицијата не интервенираше во случајот. Случајот излезе на виделина по објава на Фејсбук. Таткото на жртвата објави на социјалните мрежи во 2024 година дека неговото дете, кое сега има пет години, личи на неговиот син. Директорот на училиштето ја видел објавата, го привлекол вниманието на неа и започнал истрага. Кога детективите разговарале со жртвата, тој потврдил дека имал сексуален однос со Карон и дека е татко на нејзиното дете. На рочиштето за изрекување на пресудата во 2025 година, обвинителите рекоа дека го пресметале бројот на сексуални напади врз основа на интервјуа со жртвата и процениле дека тој бил сексуално нападнат вкупно 416 пати. Во соопштението за медиумите во кое се објавува признавањето на вината од Карон, обвинителите рекоа дека таа се согласила на петгодишна казна во државен затвор. Сепак, пред да може да почне да ја издржува казната, таа ќе биде подложена на проценка за да се утврди дали е „склона да го повторува таквото однесување и/или има компулсивни тенденции“, што би можело да влијае на нејзината казна. По отслужувањето на затворската казна, Карон ќе биде должна да се регистрира во регистарот на сексуални престапници на Меганс Ло и да биде под условна казна до крајот на животот. Казната на Лаура Карон е закажана за 8 јануари 2027 година.Тагови: наставничка ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКаде завршија танкерите со со руски дизел за САД?Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки.Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки, откако два од првите три танкери што го носат руското гориво ги сменија своите првични дестинации. Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ, се пренасочи од својата рута кон американскиот атлантски брег и влезе во Средоземното Море, објави „Фајненшл тајмс“ (FT). Бродот е во близина на брегот на Алжир и испраќа сигнал „чекајќи инструкции“, што укажува дека сè уште не потврдил купувач или пристаниште каде што ќе го истовари својот товар. Вториот танкер, „Леруо“, кој е под знамето на Сиера Леоне и е во сопственост на компанија од Хонг Конг, ја смени својата дестинација во Бразил. Тој брод е исто така под санкции наметнати од ЕУ, Велика Британија и Канада. Регулаторните и санкциите ризикуваат да ги запрат испораките Третиот танкер, „Агиои Фанедес“, кој првично го сигнализираше Њујорк како своја дестинација, сè уште плови кон североисточниот брег на САД, но ниту тој нема потврдено пристаниште за истовар. Неговиот сопственик, грчката компанија „Истерн Медитеран Маритим“, изјави дека бродот продолжува со своето патување во исчекување на инструкции, бидејќи пристаништето каде што ќе се истовари товарот сè уште не е одредено. Мат Смит, аналитичар во „Кплер“, рече дека не би било изненадувачки ако и тој танкер го промени курсот и го напушти американското пристаниште, со оглед на претпазливоста на потенцијалните купувачи поради регулаторни, правни и санкциони ризици. Во меѓувреме, друг танкер, „Бист“, исто така плови кон американскиот атлантски брег. Овој брод натоварил дизел во руското пристаниште Приморск на 27 октомври. Според податоците што ги цитира „Фајненшл тајмс“, првите три танкери требало да транспортираат вкупно околу 140.000 тони руски дизел. Ова се првите пратки опфатени со привремена дозвола од американските власти, издадена откако Трамп објави договор со Путин на 9 октомври за ублажување на ограничувањата за извоз на руски дизел.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00