Билтенот на МВР изминатите неколку дена исполнет со сообраќајни несреќи - Канал 5

Билтенот на МВР изминатите неколку дена исполнет со сообраќајни несреќи

Билтенот на МВР изминатите неколку дена е исполнет со сообраќајни несреќи, од кои некои и со фатални последици...

Билтенот на МВР изминатите неколку дена исполнет со сообраќајни несреќи

Од сообраќајки со трагичен крај, до различни видови на прекршоци. Празничниот викенд со полни раце работа за полицијата низ земјава.

Четири лица загинаа во сообраќајни несреќи во изминатите два дена, петмина се повредени во синоќешна сообраќајка кај Собранието. Деновиве билтените на МВР се полни и со санкции за возачи кои управувале автомобили под дејство на многу алкохол, а регистриран е и напад со нож на полицаец во Пробиштип.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со контролите и во наредните денови и апелираа – граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На патиштата низ земјава денеска има зголемен интензитет на сообраќајот, особено бидејќи е последниот ден од продолжениот викенд кој голем дел од граѓаните го искористија за посета на некои од туристичките места во земјава и регионот. Во текот на денот од утрината, на дел од граничните премини и патарините низ земјава имаше и застои, а како што информираа од МВР,

На граничниот премин Богородица од вчера (20.04.2025) од 10.00 часот до денеска (21.04.2025) до 10.00 часот во државата влегле речиси 3 илјади македонски државјани, а во истиот период, на Табановце над 4 илјади.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

​Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи.

Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот.

Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра.

ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер