3 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
ФудбалБилиќ меѓу фаворитите за клупата на Вест ХемНовиот член на Чемпионшип Вест Хем подготвува големи промени откако испадна од Премиер лигата, а меѓу главните кандидати за нов тренер е хрватскиот стратег – Славен Билиќ. Според информациите од talkSPORT, сопственикот на лондонскиот клуб Дејвид Саливан е отворен за можноста за враќање на хрватскиот стручњак, кој веќе ги водеше „Чеканите“ во многу успешен период на Аптон Парк и во првите сезони на Лондонскиот стадион. Актуелниот тренер Нуно Еспирито Санто е практично на работ на заминување по катастрофалната сезона и преселбата во Чемпионшип, па клубот веќе прави планови за целосна реконструкција. Покрај Билиќ, меѓу кандидатите за клупата се споменуваат и Скот Паркер и Гари О’Нил, но враќањето на хрватскиот тренер е особено интригантно за навивачите на Вест Хем. Билиќ сè уште е многу ценет меѓу навивачите на лондонскиот клуб поради енергијата, харизмата и резултатите што ги постигна за време на својот прв мандат, кога Вест Хем играше еден од најатрактивните фудбалски натпревари во Премиер лигата. Неговото евентуално враќање сега сериозно се разгледува како дел од планот за брзо враќање во англиската елита. Вест Хем со тоа влегува во летото на големи одлуки, а следниот избор на тренер би можел да одреди колку брзо клубот ќе се врати во Премиер лигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МетеоУтре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степенВремето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицетоМегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи. Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката. Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето. „Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.Тагови: Саша Ковачевиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook