Били Ајлиш искрено за проблемите: Се мразев себеси и сопственото тело - Канал 5

Били Ајлиш искрено за проблемите: Се мразев себеси и сопственото тело

Били Ајлиш призна дека имала проблеми со самодовербата како тинејџерка и дека се „мразела себеси“ поради нејзиниот изглед.

Били Ајлиш искрено за проблемите: Се мразев себеси и сопственото тело

21-годишната пејачка се појави на првата видео насловна страница на магазинот „Вог“ со климатски активисти и зборуваше за нејзиниот однос со планетата и самата себеси.

Таа откри дека морала да помине низ процес на учење како да се сака себеси, а започнала со прифаќање на нејзиниот физички изглед. „Многу од тоа дојде од гнев кон моето тело, бев лута затоа што ми предизвика толку многу болка и затоа што изгубив многу поради работите што ми се случија“, рече таа.

Таа во интервјуто зборуваше и за тоа како, според нејзините зборови, на денешната младина им претстои понеизвесна иднина, за разлика од постарите генерации. Таа објасни како се грижи што повеќе да се вклучи во климатскиот активизам и додаде:

„Не сакам да парадирам наоколу како „Погледни ме. Јас правам разлика“. Само сакам да направам промена без врева. Соништата ќе одат на депонија, го знам тоа. Не сакам да правам или продавам ништо. Но, никој нема да престане да носи облека. Никој нема да престане да прави работи. Се обидувам да дадам се од себе“.

Да потсетиме, поп-ѕвездата неодамна за прв пат јавно проговори за врската со музичарот Џеси Радерфорд, кој е 11 години постар од неа. Во интервју за Vanity Fair, таа изјави дека 31-годишниот пејач на групата The Neighborhood е нејзина „инспирација“, како и таа нему.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“.

Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски.

Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката.

Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови.

Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев.

Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“.

Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија.

Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. 

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл “кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол во организмот и без возачка дозвола, возилото е одземено.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје.

При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер