Билд: Германија има нов селектор

Јулиан Нагелсман (36) ќе биде новиот селектор на Германија, тврди Билд.

Нагелсман ќе го наследи Ханси Флик, а тоа ќе биде негова нова работа откако во март доби отказ во Баерн. Нагелсман во кариерата ги водеше Хофенхајм, РБ Лајпциг и Баерн, а сега првпат ќе биде селектор на репрезентацијата.

Би требало да заработува околу четири милиони евра годишно. Тој ќе ја предводи Германија на Европското првенство во 2024 година, каде очекувањата од домаќинот Германија се големи и покрај кризата на играта и резултатите во последно време. Нагелсман со Баерн ја освои Бундеслигата и два Суперкупа, а со Лајпциг освои еден домашен куп.

Хамас ги објави имињата на првите заложници кои ќе бидат денеска ослободени

Хамас ги објави имињата на трите Израелки кои ќе бидат ослободени на првиот ден од спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа.

Една од нив е британско-израелската државјанка по име Емили Дамари.

Другите две имиња се Роми Гонен и Дорон Штајнбрехер.

Повеќе од 70 пропалестински демонстранти уапсени во Лондон откако го пробија полицискиот кордон

Повеќе од 70 пропалестински демонстранти беа уапсени на лондонскиот плоштад Трафалгар под сомнение дека ги прекршиле правилата на протестот, откако толпата го проби полицискиот кордон, јави ДПА.

Протестот за солидарност на Палестинците требаше да се одржи на една локација, откако полицијата ги спречи плановите на организаторите да одржат марш во близина на седиштето на Би-Би-Си и синагогата.

Илјадници демонстранти, меѓу кои и поранешниот лидер на Лабуристичката партија Џереми Корбин, маршираа низ плоштадот Трафалгар по говорите на митингот.

Демонстрантите се судрија со полицискиот кордон и на крајот го пробија, а оние кои се најдоа на плоштадот подоцна беа турнати на едниот крај.

Лондонската полиција ја предупреди толпата да се разотиде или да се соочи со апсење, а подоцна објави дека 77 од нив се уапсени.

Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено со измерени -13 степени целзиусови било во Берово, а најтопло со измерен 1 степен на Попова Шапка. 

Според податоците на УХМР, -8 степени се измерени во Крива Паланка, -6 во Битола и Прилеп, -5 во Виница и Маврови Анови, -3 во Тетово и Штип, -2 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, -1 во Демир Капија, и 0 степени целзиусови во Гевгелија и Крушево

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 52 сантиметри на Попова Шапка, 45 во Маврови Анови, 18 во Битола, 11 во Тетово, 8 во Демир Капија, 7 во Штип и Берово, и 2 сантиметри во Крива Паланка.

Претпладнево е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во котлините со магла до 4, а во останатиот дел од земјата ќе биде во интервал од 2 до 12 степени.

Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

притисни ентер