3Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството
ЖивотБила прогласена за професорка на годината, а сега е во притвор поради силување ученик Професорка во средно училиште во Калифорнија некогаш прогласена за „Наставничка на годината“ е уапсена поради секс со 16-годишен ученик, соопшти полицијата во Калифорнија.Трејси Вандерхулст, 38-годишна професорка по математика во средното училиште Јукаипа, е обвинета за силување откако истрагата ги потврди тврдењата дека имала секс со малолетник. Полицијата не соопшти кога и каде двајцата имале секс, пишува New York Post. Жртвата, пак, е опишана како 16-годишен средношколец во споменатото училиште, иако не е јасно дали тој сè уште го посетува. Наставничката, пак, завршила во централниот притвор во Сан Бернардино. Нејзината кауција е одредена на 30.000 долари. Детективите истакнаа дека сметаат дека професорката подолго време „оперирала“ околу гимназијата и дека може да има повеќе жртви. Одделот на шерифот побарал од сите кои имаат дополнителни информации за инцидентот да контактираат со нив. Вандерхулст претходно била прогласена за професорка на годината во 2017 година, според локалните извештаи. Директорот ја опишал како експерт кој „го отелотворува видот на воспитувач каков што многумина сакаат да бидат - таа е љубезен и иновативен наставник кој ги развива нашите деца, едукатор кој се обидува да ги вклучи сите ученици во образовната програма, од најлош до најдобар“, се наведува во образложението на наградата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоднесено обвинение против Артан Груби Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра. Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото. Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСо гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притворПоранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од домашен притвор, со гаранција од 500 илјади евра и мерки на претпазливост како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд Ѓорѓиоски депонирал банкарскаДополнително и Обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата и укинување на притворот. По ова Ѓорѓиоски ќе го очекува продолжувањето на судската постапка со определените мерки на претпазливост. Притворот е укинат и за уште две лица – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост. Во истиот предмет е опфатен и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција во висина од 1.000.000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШумски пожари беснеат во АлбанијаАлбанското министерство за одбрана синоќа соопшти дека во земјата и натаму се активни девет жаришта на шумски пожари, при што пожари се регистрирани во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и во Ѓирокастро.Според министерството, околу 450 припадници на службите моментално се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарите и во справувањето со активните жаришта. Најголем број сили се распоредени во областа лура во регионот Дебар, каде што се ангажирани околу 200 луѓе, додека властите продолжуваат со напорите да го стават пожарот под контрола. Најновите информации од министерството доаѓаат во момент кога противпожарните екипи и натаму се ангажирани на повеќе места низ земјата. Властите ја следат состојбата и ги координираат активностите во погодените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook