Била пијана, станала агресивна, па направила штета од 300.000 долари

Пијана жена од Далас на првиот состанок со познатиот хјустонски адвокат, направила штета од најмалку 300.000 долари на неговата уметничка колекција, која вклучува и две слики од Енди Ворхол.

Линди Лу Лејмен (29) уапсена е во саботата после состанокот со Ентони Базби, а подоцна пуштена со кауција.

Обвинителството тврди дека Базби (49) на полицајците им рекол дека Лејмен на состанокот испила многу алкохол, па и повикал превоз кога стигнале во неговата куќа. Според неговите наводи, одбила да си замине и се сокрила во куќата, а кога ја пронашол и повторно повикал превоз, станала агресивна.

Се наведува дека срушила неколку слики, а некои ги полила со црно вино додека извикувала пцовки, а исто така разбила и две скулптури од по 20.000 долари.

Оштетените слики на Ворхол во судските документи се заведени во вредност од по половина милион долари.

Базби застапувал некои од познатите личности, како поранешниот гувернер на Тексас, Рик Пери во случајот за злоупотреба на моќта. Го посетувал и Доналд Трамп, во времето додека бил кандидат за претседател на САД.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер