Била на третман во Турција од 14.000 фунти: Ме искасапија, имам дупки на стомакот, немам гради - Канал 5

Била на третман во Турција од 14.000 фунти: Ме искасапија, имам дупки на стомакот, немам гради

Сара Плат (33) од Јужен Велс, отпатувала во Турција за да го среди стомакот, да ги зголеми градите и да се затегне откако ослабела и имала опуштена кожа.

Била на третман во Турција од 14.000 фунти: Ме искасапија, имам дупки на стомакот, немам гради

Таа била во искушение поради цената на постапката, која во Турција ја чинела една третина од она што би платила за истата услуга во Британија. Наместо да се опоравува под турското сонце, таа била оставена во валкана хотелска соба и по враќањето во Британија завршила со девет корективни операции, пишува Дејли мејл.

- Телото ми е осакатено, имам две дупки во стомакот, немам гради, имам грпка на грбот и сѐ ме боли. „Она што се случи таму ми го уништи животот“, рече Плат.

Според информациите од Британската асоцијација на естетски пластични хирурзи (BAAPS), бројот на луѓе кои бараат болничко лекување во Британија по естетски зафат во странство е зголемен за 94 отсто за последните три години. Оваа година било потребно да се лекуваат дури 124 лица.

- Основата на практиката на пластична хирургија е да се направи вистинската операција на вистинската личност во вистинско време. Причината зошто операциите се поскапи во Британија е затоа што имаме регулаторна рамка и контроли, рече претседателот на БААПС, Марк Пацифико.

Сара ја научила таа лекција на потешкиот начин. По неколку години здравствени компликации, вклучително и итна хистеректомија, мајката на четири деца се здебелила и ѝ отстраниле дел од желудникот. Кога ја изгубила тежината, останала со огромна количина на болна лабава кожа која NHS одбиле да ја отстранат.

- Операцијата во Велика Британија чинеше 33.000 фунти, што беше над моите можности. Најдов место во Турција каде што ќе чини 15.000 фунти. Тоа не беше најевтино, но клиниката и хирургот имаа многу критики со пет ѕвезди кои веројатно беа лажни, рече Сара.

Во февруари со родителите одлетала во Анталија, хотелската соба била чиста и пространа. Кога дошла на предоперативни анализи на крвта, видела дека е на одделението за плодност и породување. Се сретнала со хирургот и ѝ било кажано дека постапката е закажана за 8 часот наутро.

-Таксито што го испратија доцнеше, поради што стигнав дури во 7:50, документите беа на турски, а кога ја побарав англиската верзија ми рекоа дека нема време и дека ќе го изгубам местото. Ме фати паника, но почувствував дека сум во премногу длабока дупка за да излезам, раскажува Сара.

Таа била сместена во инвалидска количка и паркирана надвор од операционата сала каде што можела да ги види лекарите како прават царски рез. Пред да каже нешто, ја однеле во собата и ја започнале процедурата. Операцијата траела 13 часа, таа се разбудила во компресија во страшни болки. Набрзо открила дека хирургот, покрај стомакот и градите, и го отстранил вишокот кожа од рацете и колковите.

-Кога го откопчав костумот изгледав како да имам три гради. Медицинската сестра рече дека е оток, но и дека е сало што го оставиле. Телото ми беше црно и зелено, а болката беше неверојатна. Му се јавив на мојот сопруг и му реков да се грижи за нашите деца бидејќи ќе умрам, рече таа.

По враќањето во Обединетото Кралство отишла кај општ лекар кој и дијагностицирал сепса, предизвикана од нејзиниот турски хирург.

- Открив и дека се заразив со MDRO (повеќе отпорни микроорганизми) од користење валкани инструменти. Траумата е толку голема што имам кошмари и ПТСН, би дала сѐ за да го вратам времето назад, изјавила Сара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер