Бил Козби е прогласен за одговорен за сексуално злоставување на малолетничка

Бил Козби е прогласен за одговорен за сексуално злоставување на Џуди Хут, тогаш 16- годишна, на имотот на Плејбој во 1975 година.

Гардијан објави дека поротата одлучила Козби да ѝ плати отштета на Хут од 500.000 долари.

Според англискиот весник, поротата одлучила дека Козби „намерно предизвикал штетен сексуален контакт“ со Хут, за која логично знаел дека е помлада од 18 години, и дека однесувањето било мотивирано од „неприроден или ненормален сексуален интерес за малолетничка“.

Хут, сега 63- годишна, пред судот изјавила дека таа и пријателот на Козби се запознале во паркот и дека актерот подоцна ги однел на имотот на Плејбој. Таа исто така тврдела дека Козби, кој тогаш имал 37 години, ја принудил на секс без нејзина согласност, што тој го негирал.

Портпаролот на Козби, Ендрју Вајат, ја нарече пресудата „победничка“, велејќи дека Глорија Олред, адвокатката на Џуди Хут, барала отштета од 8 милиони долари.

Олред им се заблагодарила на поротниците за пресудата и ја пофалила својата клиентка за „храброста и многуте жртви што ги направи за да го добие овој случај“.

Хут поднесе тужба против Козби пред помалку од еден месец, а одлуката е донесена речиси една година откако Бил Козби излезе од затвор, каде одлежа повеќе од две години затвор за дрогирање и сексуална злоупотреба на Андреа Констанд.

Градоначалникот на Венеција: Двајца арогантни идиоти го исмеваат нашиот град (ВИДЕО)

Градоначалникот на Венеција ги критикуваше „двајцата идиоти“ кои беа снимени како сурфаат на Големиот канал и ветуваат бесплатна вечера на секој што ќе ги идентификува.

Откако неговата жалба на Твитер стана вирална, Луиџи Бруњаро објави дека дуото е пронајдено и нивните скејтборди се конфискувани. Тој додаде дека ќе бидат третирани „како што заслужуваат“.

„Еве двајца арогантни идиоти кои го исмеваат нашиот град“, коментира Бруњаро, објавувајќи видео од сурферите на моторизирани даски на каналот, најпознатиот во градот.

„Итно треба да им дадеме поголеми овластувања на градоначалниците кога станува збор за јавната безбедност“, додаде тој.

Украинците најавуваат контраофанзива, го објавија и датумот

Наскоро би можела да започне долгоочекуваната контраофанзива на Украина за враќање на изгубената територија.

Националната разузнавачка служба за одбрана навести некои случувања денес, при што портпаролот рече: „Ќе има многу случувања низ фронтот во блиска иднина“.

Андриј Јусов продолжи: „Не станува збор за какви било обврзувачки датуми, сепак, мора да го земеме предвид факторот на Денот на независноста на Украина“. Денот на независноста на Украина е 24 август.

„Централната разузнавачка агенција веќе долго време вели дека август и септември ќе бидат исклучително важни периоди за понатамошен развој на целиот фронт“, рече тој.

Министерот Сали во посета на дебарската болница

Министерот за здравство Беким Сали ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствени услуги нуди и за жителите од Општина Центар Жупа, а по потреба и за оние од долнореканскиот крај, Општина Маврово и Ростуше.

За посетата тој информираше преку објава на Фејсбук, во која наведува дека на оваа здравствена установа и се потребни инвестиции во опрема но и кадар.

-Имав прилика да ја посетам дебарската болница. Најпрво морам да му се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг на инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема, напиша Сали.

Додава дека во разговорот со пациентите, лекарите и персоналот на оваа болница, констатирале дека на болницата во Дебар и се потребни инвестиции во опрема и кадар за да се обезбедат најквалитетни здравствени услуги.

Болницата во континутет се соочува со недостиг пред се на лекари специјалисти. Неодамна се пензионираа неколу, а се очекува за неколку месеци во пензија да заминат и други лекари. Во меѓувреме најмалку седум лекари се на специјалзација по разни медицински гранки на клинките во Скопје.

По пензонирањето на досегашниот директор Баки Алили, познат специјалист за уво, грло и нос, вршител на должноста е педијатарот Севдие Коџа.

притисни ентер