Бијонсе боледува од незилечива болест- прв пат јавно проговори за тоа - Канал 5

Бијонсе боледува од незилечива болест- прв пат јавно проговори за тоа

Познатата пејачка Бијонсе ја воодушеви публиката со најавата за нејзиниот нов албум на Супер Боул, по што проговори за приватниот живот и болеста од која боледува уште од детството.

Бијонсе боледува од незилечива болест- прв пат јавно проговори за тоа

Зборувајќи за нејзината коса за време на едно интервју, таа открила дека од мала се бори со псоријазата. Бидејќи јавноста до сега не беше информирана за тоа, Бијонсе повторно се најде во тотален фокус.

- ...Детството го поминав во салонот на мајка ми. Татко ми нанесуваше масла на скалпот за да ја лекува мојата псоријаза. И денес се сеќавам на сето тоа добро, тие спомени ми се свети - објасни таа за „Есенс“, посочувајќи за прв пат дека ја има оваа автоимуна кожна болест, која е сосема непредвидлива, со текот на времето се повлекува, се враќа, но никогаш не се заздравува целосно.

- Разговорите што се одржуваат во фризерски салони или берберници им даваат чувство на заедништво на оние кои одат таму, или речиси може да избегаат од нивното секојдневие. За нив тоа е место каде што се смеат, споделуваат тајни едни со други, се чувствуваат убаво, споделуваат мудрост... Важно е да се има такво нешто – продолжи Бијонсе, која неодамна и самата објави линија на производи за нега на коса.

Малку подоцна таа објасни дека и покрај одредени пишувања се „откажала“ од долгата коса кога за прв пат станала мајка. За неа и како уметник тоа било начин да се побуни против општеството кое „верува дека жената не треба да носи кратки фризури“ и да се ослободи од „сите стеги“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанија

Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.

Демократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанија

Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго.

Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на:

1. Водата што се користи за наводнување,

2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и

3. Почвата.

Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување.

Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри.

Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции.

Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Граѓаните не се сами, ако ви е потреба помош јавете се на +389 78 207 687

Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен!

Ѓорѓиевски: Граѓаните не се сами, ако ви е потреба помош јавете се на +389 78 207 687

Почитувани граѓани,

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.

Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици.

Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.

Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:

[📞] +389 78 207 687

Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен.

Службите се мобилизирани.

Екипите се на терен.

Граѓаните не се сами, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антропик мора да плати рекордни 1,5 милијади долари по тужба за обуки за вештачка интелигенција

Компанијата „Антропик“ ќе плати рекордни 1,5 милијарди долари во тужба против автори чии дела биле користени за обука на нивниот модел на вештачка интелигенција, Клод. 

Антропик мора да плати рекордни 1,5 милијади долари по тужба за обуки за вештачка интелигенција

Федералниот суд на САД во Сан Франциско одобри спогодба што претставува една од најголемите исплати во историјата на споровите меѓу компаниите за вештачка интелигенција и сопствениците на авторски права.

Тужбата е поднесена во 2024 година од група автори кои тврделе дека „Антропик“ користел пиратски копии од книги за обука на своите големи јазични модели. Судот утврдил дека дел од постапките на компанијата претставуваат повреда на авторските права, иако сметал дека користењето на делата за обука на самиот модел на вештачка интелигенција е фер употреба.

Судот ја прифаќа спогодбата по претходните приговори

Случајот првично го водеше судијата Вилијам Алсуп, кој претходно пресуди дека на „Антропик“ му е дозволено да ги користи книгите за обука на моделот Клод поради принципот на фер употреба, односно дозволената употреба на дела заштитени со авторски права.

Сепак, судијата утврдил дека компанијата го прекршила законот кога складирала околу 7 милиони пиратски книги во централна библиотека за развој на своите системи за вештачка интелигенција.

Алсап го отфрли првичниот предлог за спогодба минатата година, велејќи дека не е доволно специфичен и не ги опфаќа сите важни прашања. Потоа, Антропик лансираше официјална веб-страница за спогодба со список на сите засегнати дела, за авторите да можат да проверат дали имаат право на надомест.

Спогодбата опфаќа повеќе од 480.000 книги, а авторите треба да добијат околу 3.000 долари по засегнато дело.

Некои автори веруваат дека надоместокот е пренизок

Новата одлука сега е потврдена од судијката Арасели Мартинез-Олгин, која го презеде случајот откако Алсап се пензионираше.

Покрај финансиската компензација, Антропик ќе мора да уништи пиратски копии од книгите што ги поседуваше. Сепак, не сите автори се задоволни од договорот.

Некои тужители сметаа дека износот на плаќање е пренизок и одлучија да се повлечат од спогодбата за да поведат посебни тужби против компанијата.

Овој случај би можел да постави важен преседан за целата индустрија за вештачка интелигенција, која во последниве години се соочува со сè поголем број прашања за тоа како податоците се користат за обука на модели на вештачка интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер