3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
БалканБиХ протерува двајца српски дипломати поради Ратко Младиќ: Имаат 48 часа да го напуштат Сараево Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, прогласи двајца дипломати во БиХ за непожелни и им даде 48 часа да ја напуштат земјата.Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, прогласи двајца дипломати во БиХ за непожелни и им даде 48 часа да ја напуштат земјата, во нова ескалација на односите со Србија по вчерашниот државен погреб на воениот злосторник Ратко Младиќ во Белград, објави Индекс. Двајца дипломати прогласени за непожелни На прес-конференција во Сараево, Конаковиќ објасни дека неговата одлука за протерување на дипломатите е одговор на величењето на воениот злосторник и неговиот погреб со државни почести. „Донесов одлука да ги прогласам Милан Дулановиќ, одбранбеното аташе и военото аташе во амбасадата на Србија, и Данко Максимовиќ, советник во амбасадата на Србија, за непожелни. Овие две лица имаат 48 часа да ја напуштат Босна и Херцеговина“, рече Конаковиќ. Еден ден претходно, Конаковиќ најави низа можни дипломатски и политички мерки кон Србија поради начинот на кој беше одбележан погребот на Ратко Младиќ во Белград. Ова вклучува повлекување на дипломатскиот персонал од амбасадата на БиХ во Белград. Иако надворешните работи се под надлежност на Претседателството на БиХ, според толкувањето на Конаковиќ, тој како министер за надворешни работи има можност да донесе таква одлука. Притоа, тој се повика на правилникот усвоен од Претседателството на БиХ во 2004 година. Кој беше Ратко Младиќ Младиќ, поранешен командант на војската на Република Српска, почина откако беше осуден на доживотен затвор пред Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови. Тој беше прогласен за одговорен за геноцид, вклучувајќи го и геноцидот во Сребреница во 1995 година, кога беа убиени повеќе од 8.000 Бошњаци, како и за злосторства против човештвото и воени злосторства. Неговото испраќање во Белград во понеделник предизвика негодување во Сараево, особено поради учеството на српски функционери, српски функционери од БиХ и присуството на единици на српската армија. Повлечена согласност за заедничката декларација Во вторник, Конаковиќ објави дека ја повлекол својата согласност за заедничката декларација за добрососедски односи и регионална соработка, која требаше да се потпише на 1 октомври во Црна Гора. Тој, исто така, ги критикуваше коментарите од Брисел за државната погребна церемонија на воениот злосторник Младиќ. Реакции од Европската Унија Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го осудија учеството на високи српски функционери во испраќањето на правосилно осуден воен злосторник. Во своите реакции, тие нагласија дека Младиќ е осуден за геноцид и други сериозни воени злосторства и дека величањето на таква личност не е во согласност со европските вредности. Конаковиќ смета дека нивниот коментар бил бесмислен бидејќи не го споменале претседателот Александар Вучиќ, кого го смета за главен виновник за државното испраќање на злосторникот Младиќ. „Доколку Александар Вучиќ ги отфрнеше оние што седеа во првиот ред на комеморацијата, изјавите на фон дер Лајен и Коста можеби ќе имаа смисла, но вака се бесмислени“, рече Конаковиќ.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook