Бигорски манастир ја одбележа манастирската слава, замонашени петмина браќа

Славното Бигорско светилиште денеска го прослави споменот на раѓањето на својот заштитник – Христовиот Пророк и Крстител, светиот Јован.

Со големото литургиско торжество чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, а му сослужуваа и неговото преосвештенство, епископ Аморејски г. Никифор, игумен на Свештената Ставропигијална Патријаршиска Обител на Влатадите во Солун, неговото преосвештенство епископ Антаниски, г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, како и голем број архимандрити, јеромонаси, јероѓакони, свештеници и ѓакони од Македонија, Грција, Албанија и Бугарија.

-Пред почетокот на Архиерејската литургија, нашиот многупочитуван митрополит г. Тимотеј, замонаши петмина наши собраќа. Новите рожби на нашиот старец и владика Партениј, отците Јоаникиј, Јоаким, Филип, Ангелариј и Григориј го примија рамноангелскиот монашки чин и сега заедно со нив Бигорското братство брои 25 монаси, односно 30 членови. Ова е првпат во нашата понова историја одеднаш да бидат замонашени петмина браќа, а радоста е дотолку поголема што на ова сеправославно торжество присуствуваа архимандрити, јеромонаси, свештенство, монаси и верен народ не само од земјава, туку и од сите соседни земји, но и од Европа и Америка. За време на Божествената Литургија, пак, нашиот брат, новозамонашениот отец Григориј беше ракоположен во свештеноѓаконски чин, изјави сестра Ефимија за МИА.

Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, им се обрати на новозамонашените браќа и им посака да го „носат монашкиот образ за прослава на Триединиот Бог, за афирмација на МПЦ – Охридска архиепископија, за углед и достоинство на оваа света Обител и за спасение на нивните души“.

-Како христијани сите сме повикани да бидеме послушници на волјата Божја. Но, да не заборавиме дека на оваа должност се повикани особено монасите, кои го зеле својот крст и тргнале по Христа. Кој може да врви по Христа, ако не го зел крстот на богопослушноста? Каква полза за човекот ако не го знае Божјиот закон, а ја исполнува својата волја? Нели свети апостол Павле ни вели: Пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе се сметаат за праведни само оние што постапуваат според Законот. Овие зборови се однесуваат на нас христијаните, но најмногу на новозамонашените. Честитајќи им го ангелскиот чин, им напомнуваме да се потсетуваат на тоа дека ние сите сме повикани да ја исполнуваме Божјата, а не својата волја. Нека го носат монашкиот образ за прослава на Триединиот Бог, за афирмација на МПЦ – Охридска архиепископија, за углед и достоинство на оваа света Обител и за спасение на нивните души, посака г.г. Тимотеј.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер