3Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
ЖивотБигорската манастирска слава со патријаршиски благослов Со песни и торжество, со благодарности и славословија, Бигорски манастир го слави богопрославениот патрон, својот заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован.Неговата чудотворна Бигорска икона и светите мошти во цветно украсениот храм излеваат благомирис и радост низ неговиот дом на падините од Бистра и ги напојуваат и успокојуваат душите на населниците и на поклониците. Стотици верници беа синоќа во илјадалетното светилиште на свети Јован, за да му оддадат чест и пофалба, да го прослават, да му се помолат и да примат големи дарови од „земниот ангел и небесен човек“, чудесниот и чудотворен Крстител Господов. Монашките заедници, под татковската грижа на нивниот возљубен старец, епископот Антаниски и игумен бигорски г. Партениј, со најголема љубов и пожртвуваност се вложија во подготовките за прославата на „најголемиот меѓу родените од жена“, примерот и заштитникот на монашкиот живот и подвиг, гласот кој вика од пустината: „Покајте се!“ Со сеноќно празнично бдение свештената бигорска обител го прослави громогласниот проповедник Божји од реката Јордан, раката која го покажа и го крсти Јагнето Божјо, сечесната глава која беше отсечена за вистината. Соборното празнично ликување беше збогатено со духовниот раскош од присуството на почесните и почитувани гости: претставникот од Вселенската Патријаршија во Константинопол, великиот свештенопроповедник на великата Христова црква, архимандрит г. Панарет Псаравтис, долгогодишен пријател и брат од црквата на Грција, архимандрит г. Матеј Псомас, како и свештенопроповедникот на митрополијата на Верија и протопсалт архимандрит г. Херувим Мустакас, кој со својот прекрасен хор го украси бдението со благодатното светогорско византиско пеење. Молитвениот благодарствен израз кон свети Јован, на почетокот од бдението го даде епископот г. Партениј, со својата пригодна беседа. -Крстителот Господов ја развива теологијата на духовната радост, на ликувањето на внатрешниот човек, кое произлегува од близината, од другарувањето со Христа. Ваквото вишно богословие е, всушност, основата на христијанското живеење, па затоа и главната книга на христијанското откровение се нарекува блага, радосна вест, односно Евангелие… Конформизмот, телесните наслади и удопството во кои живее денешното општество, делуваат разорно и целосно го опустошуваат духот на современиот човек, па затоа тој сè помалку го доживува чувството на внатрешната радост и дишењето во слобода, за сметка на рамнодушноста, меланхолијата и очајот. Овој факт го прави уште погласен повикот на Јована Крстителот за покајание, за урамнотежена аскеза, за плодоносна самодисциплина и за еден нов молитвен живот, рече владиката Партениј. Во своето повратно обраќање, пак, високопреподобниот архимандрит Панарет, кој допатува со група од педесетина словенојазични верници од Цариград, на голема радост и чест, го пренесе поздравот и благословот од Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. -Преосвештен епископе Антаниски г. Партение, сечесни отци и браќа на оваа света Обител, браќа и сестри Христијани, дојдовме од маченичкиот Фанар, од Првопрестолната Црква Константинополска, за да го пренесеме татковскиот молитвен поздрав и патријаршискиот благослов на нашиот Вселенски Патријарх. Дојдовме да се поклониме, да богослужиме, да заедничариме од единствената Чаша, од едното Тело Господово. Пристигнавме со една славојазична парохиска заедница која во своето стадо вклучува Руси, Украинци, Грузијци, Молдавци, Кавкасци. А дојдовме тука затоа што знаеме колку е тешко да бидеш осамен и изолиран на едно место; дојдовме, значи, за да општиме заедно и на тој начин ни се дава можност да ве запознаеме, да нè запознаете и да ви посакаме многу години. А како спомен за нашата посета, Ви ја принесуваме оваа енколпија, со желба да имате долгогодишно архијерејство во оваа Обител. На многаја и благаја лета, посака тој. Во продолжение, хорот од горенаведената парохија од Константинопол му испеаја многулетие на црковнословенски на владиката Партениј, кој срдечно им се заблагодари и ним и на почитуваниот отец Панарет, подарувајќи му архимандритски крст од илјадагодишнината на Бигорската Обител. Денеска на денот на партонот по пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство г. Тимотеј и на некогашниот собрат на Бигорската обител, митрополитот тетовско-гостиварски, неговото високопреосвештенство г. Јосиф во 9 часот почнува света архиерејска Златоустова Литургија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаАзески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударитеАктивности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, а на кои беше поканет и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се реализираа во Дебар.Прво во манастирот Св. Јован Бигорски беше реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот. Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на дебарското езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан. Денеска е денот на рударите, 28 август. Претседателот Азески упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија. „Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз. Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока. Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица.Тагови: Азески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40