Фонд на ПИОМ: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанија
1Фонд на ПИОМ: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанија
РецептиБИФТЕК СО СУВИ СЛИВИРецепт на Коста и Стефан.Потребни состојки: 200 гр. јунешки бифтек, 4-5 суви сливи, ½ главица кромид, 1 зелена пиперка, 1 црвена пиперка, ½ тиквичка, ½ модар патлиџан, малку путер, малку соја сос, малку маслинова масло, малку масло од тиква, бибер и сол по вкус. Постапка: Бифтекот се сечка на ленти. Модриот патлиџан се сечка на покрупни парчиња. Тиквичката се сечка на ленти. Црвената и зелената пиперка се сечкаат на покрупни парчиња. Кромидот се сечка покрупно. Во тава со загреано маслиново масло се пропржува бифтекот околу 2 минути. Се додаваaт суви сливи и се продолжува уште малку со пржењето. Потоа се додава сечканиот зеленчук и се продолжува со пржењето околу 4 минути. На средина од пржењето се зачинува со малку бибер и сол и се додава малку путер. При крај се додава малку соја сос. Јадењето се сервира во чинија и се полева со масло од тиква.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФонд на ПИОМ: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанијаМемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор.Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за пензиско и инвалидско осигурување, како и употребата на вештачката интелигенција во дигиталната трансформација на овие институции. На средбата беа презентирани измените на законите за ПИО во изминатата година, при што директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов, рече дека измените што се презентираат генерално се однесуваат во делот на остварувањето на правата за пензиско и инвалидско осигурување. „Потребно е да се размислува во насока законските измени да содржат решенија кои ќе придонесат за финансиска стабилизација на пензиските фондови. Законските решенија треба да содржат инструменти кои ќе ги стимулираат работодавачите да плаќаат повеќе придонеси, со што ќе се придонесе за зголемување на пензиите на идните пензионери, а сегашни работници. Потребна е промена на методологијата на пресметката на пензиите заради обезбедување фер износи на пензиите. Во делот на задолжителниот Втор столб за пензиско осигурување, потребно е законите да овозможат поефикасни и нерестиктивни начини за инвестирање на средствата и нивно поголемо оплодување кое ќе биде во полза на осигурениците, се разбира преку соодветна контрола и ревизија од регулаторот МАПАС. Ова се само дел од предлозите за подобрување на финансиската ситуација и се неопходни затоа што кај сите фондови постои проблем со финансирањето, а трансферите на средства од државата се неопходност за нормално функционирање на нашите институции. Од исклучителна важност е законските решенија да обезбедат одржливост на пензиските системи и независност од државниот буџет“, рече Мемов. Директорката на Секторот за остварување на права, Билјана Стојанова ги презентираше измените на Законот за ПИО во изминатата година. Таа информира и за новиот Закон за работно ангажирање. Во рамките на средбата беше потпишан Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност помеѓу Фондот на ПИОМ и институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Република Австрија - Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB). Договорот го потпишаа директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов и д-р Винфред Пингера во името на австриските институции. „Сакам да нагласам дека овој Договор е значаен напредок во нашата соработка и ќе овозможи поефикасна и побрза размена на податоци кои се од голема важност и директно ќе придонесе да се забрза процесот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија. Исто така Договорот го регулира обемот и начинот на размена на податоците, како и нивната безбедност и заштита, што се од исклучителна важност за нашата работа, како и за довербата во пензискиот систем“, рече директорот на Фондот Мемов. Директорот, д-р Пингера истакна дека потпишувањето на Договорот е за некого. можеби мал чекор, но за осигурениците и корисниците на услугите е многу важен, затоа што ќе го олесни остварувањето на нивните права. „Ова е важен чекор и се надевам не последен. Нашата соработка ни покажа дека можеме да работиме заедно, да си веруваме и да ја интензивираме идната соработка. Сакам да ви заблагодарам на вашата помош и придонес во потпишувањето на овој Договор, затоа што е многу важен, иако можеби не се опфатени многу луѓе, но за нив лично тој е и те како важен.“, рече директорот Пингера. Со потпишувањето на овој Договор ќе се се зголеми ефикасноста, прецизноста и квалитетот на услугите на осигурениците и ќе помогне да се исклучат сите можни грешки. Договорот, како што беше речено ќе придонесе и во зајакнувањето на натамошната соработка помеѓу институции Фондот на ПИОМ и институциите од Австрија, што е во најдобар интерес на граѓаните на двете држави. Фондот на ПИОМ има потпишано договори за електронска размена на податоци со сите држави што произлегоа од поранешна Југославија и со овој Договор со Република Австрија го заокружи процесот на соработка со земјите од регионот.Тагови: ПИОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕдно лице се здоби со полесни изгореници во пожарот кај штипските села Долани и ЉуботенЕдно лице се здоби со минимални изгореници во пожарот што денеска избувна меѓу селата Долани и Љуботен во општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи.На повреденото лице веднаш му е укажана медицинска помош од екипа на итната медицинска помош, а според досегашните информации нема други повредени. По пријавата за пожарот во атарот на селото Долани, територијалната противпожарна единица од штип интервенирала со две екипи. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори се изорани заштитни појаси, по што огнот е ставен под контрола и изгаснат, со што е спречена опасноста од негово ширење кон населеното место. – информираа од Центарот за управување со кризиТагови: изгореници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаЛишени од слобода 24 возачи за безобѕирно управување возило17 лица возеле без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол. Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци, Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од возачите во Скопје и возачот во Штип биле и под дејство на алкохол. Со забрана за управување на возило биле лишени по едно лице во Гостивар и едно во прилепско. Под дејство на алкохол двајца возачи управувале возило во Прилеп, а по едно лице во Крива Паланка, Битола и Гевгелија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37