Шоу бизБи Би Кинг бил отруен?Ќерките на легендарниот блуз гитарист Би Би Кинг ги обвинија неговите најблиски соработници дека го отруле славниот музичар.Ќерките на Кинг, Карен Вилијамс и Пати Кинг во документот кој нивниот адвокат го ставил на увид на агенцијата АП, дека менеџерката на легендарниот музичар Лаверн Тони и личниот асистент на Кинг, Мајрон Џонсон го убиле нивниот татко. Судскиот патолог кој работи во болницата „Џон Фјуденберг“ изјави дека синоќа е направена аутопсија на балсамираното тело на Кинг и дека на резултатите од тие тестови се чека до осум недели. Поручникот на полицијата воп Лас Вегас, Реј Стајбер потрди дека детектив од отсекот за убиства започнал истрага за смртта на Кинг кој почина на 14 мај во својот дом во Лас Вегас. Најблиските соработници на починатиот Кинг, Тони и Џонсон одбиле да ги коментираат тврдењата на ќерките на славниот музичар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаВо тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластувањеСпоред информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСеверна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA). Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена. Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“. Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг. 🚨BREAKING : 🇰🇵 North Korea conducts major weapons test, firing missiles equipped with cluster bomb warheads. https://t.co/NkoKygT80T — IRANIRGCC (@IRANIRGCC) November 3, 2026 Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица. Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици. Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед. „Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда. Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи. Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот. 🇺🇦 Ce 2 novembre 2026, une bien curieuse découverte suivie d'une confrontation importante a éclaté à Petropavlivska Borshchahivka, périphérie de Kiev, après la diffusion de témoignages et de vidéos sur les réseaux sociaux faisant état de la présence d'une quarantaine de militaires ukrainiens retenus dans le sous-sol d'une maison, où ils auraient été séquestrés, battus et torturés. Selon les premières accusations, certains détenus auraient subi de graves blessures, tandis que leurs proches auraient été empêchés de leur rendre visite et que des sommes d'argent auraient été réclamées pour obtenir leur libération. L'affaire prend une dimension très sensible cat l'unité occupant les lieux est le 14e régiment d'assaut de la Garde nationale ukrainienne, rattaché au 1er corps d'Azov. ⤵️ https://t.co/8oKc2fDJ2W — François-Xavier Consoli (@FranXavConsoli) November 3, 2026 Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook