Безживотно тело на девојка пронајдено во Тетово, Обвинителството вели дека смртта не е резултат на кривично дело - Канал 5

Безживотно тело на девојка пронајдено во Тетово, Обвинителството вели дека смртта не е резултат на кривично дело

Безживотно тело на младо женско лице синоќа било пронајдено во Тетово, а Обвинителството денеска соопшти првична информација дека смртта не е резултат на кривично дело. 

Безживотно тело на девојка пронајдено во Тетово, Обвинителството вели дека смртта не е резултат на кривично дело

Телото било пронајдено помеѓу зградите што се наоѓаат од спротива на Центарот за социјални работи во Тетово, кај Зелениот пазар.

Од Јавното Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера извршил увид на место каде е најдената девојката како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.

-Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, соопшти Обвинителството.

Според првичните неофицијални информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, станува збор за 24 годишна девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта

Нема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта

СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта.

Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира.

Тоа е многу јасна стратегија за во народот да се создаде чувство на несигурност, страв за иднината и со тоа да го уништат чувството на надеж кај граѓаните и сето тоа го прават луѓе кои секој викенд од летниот период се на јахти по морската шир.

Згора на тоа што нивната грижа им е единствено да не си скратат од своите летни задоволства, додека уживаат на скапите јахти, се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства. Секако, во замена, странски агентури да ги донесат на власт, како некогаш што го донесоа менторот на Филипче, Зоран Заев, без победа на избори.

Разликата е тоа што сега се навреме разоткриени и за тоа јавно се зборува и граѓаните уште еднаш нема да дозволат национални предавства, во замена за некој да ужива во добриот живот и бенефициите кои ги нуди власта.

Овој пат граѓаните имаат партнер и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборат и ќе ги спречат матните планови на овие коишто се препознаваат дека се талогот кој со сите сили се бори да ја убие надежта кај народот.

Додека некој се крие и ужива и на овие тропски температури, се лади на луксузни јахти, ВМРО-ДПМНЕ останува со и меѓу народот и заеднички ќе ги победиме сите што се против државата.

На Македонија местото и во европското семејство и тоа ќе го постигнеме на достоинствен начин, со реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, не како што некој посакува со нови предавства, понижени и обезличени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Половина од Владата има бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски пасоши и посебен премин на граница.

Тие си обезбедија Европа.

На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце.

Додека тие летаат, народот стои во колона.

Ова е нивна политика.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

По масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа.

Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута.

Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа.

Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе.

Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер