СветБезбедносен скандал ја тресе Британија: „Протекоа“ информации за шпиони и за воените сили Неодамна протечените податоци за авганистанските соработници на Велика Британија, исто така, содржеа детали за шпиони и специјални сили, објави денес Скај њуз, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана.Додадено е дека меѓу нив имало повеќе од сто британски државјани. Изворите велат дека деталите за шпиони од МИ6, Специјалната воздушна служба (САС) и други специјални сили биле протечени откако тие ги поддржале Авганистанците кои аплицирале да бидат донесени во Велика Британија. Британски функционер случајно го открил скандалот во февруари 2022 година со детали за речиси 19.000 луѓе кои аплицирале да се преселат во Велика Британија откако Талибанците дошле на власт во Авганистан. Претходната влада дознала за ова во август 2023 година кога деталите биле објавени на Фејсбук, според Би-Би-Си. Според шемата за преселување на оние погодени од протекувањето на податоци, започната во април 2024 година откако тогашната конзервативна влада дознала за протекувањето, досега во Велика Британија пристигнале 4.500 Авганистанци. Смерот за преселување досега чинел 400 милиони фунти, а се очекува конечната цена да достигне околу 850 милиони фунти. Се очекува вкупно 6.900 Авганистанци да пристигнат во Велика Британија во рамките на оваа шема. Министерството за одбрана верува дека 600 авганистански војници погодени од протекувањето на податоци, како и 1.800 членови на нивните семејства, сè уште се во Авганистан.Тагови: скандал шпиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16