Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 07:30 до 09:30 часот ќе бидат корисниците  од селата Љуботен и Љубанци, во општина Бутел и селото Раштак, во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Без струја од 08:30 до 11:00 часот, ќе бидат и корисниците од улица „12“ во село Долно Соње, во општина Сопиште.

Од 08:30 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од зградата „Палата Македонија“ на улица „Македонија“, во општина Цента.

Без напон од 08:30 до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од село Брњарци, додека од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населба Стајковци, во општина Гази Баба.

Од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улиците „Борис Бојаџиски“, „Андон Кецкаров“, „Бертнард Расел“ и „Моцартова“, во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 12:30 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улица „Лесновска“ , поточно куќните броеви, „2“, „4“, „6“ и „8“., во општина Карпош.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер