Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”
Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби
1Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”
2Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби
3Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари
3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
МакедонијаБез струја дел од Ѓорче Петров , утре дел од Кисела Вода и Центар ЕВН известува дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“. ЕВН известува дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“, поточно објектите во околината на поранешната зграда на Општина Ѓорче Петров. ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар. Од 08:30 до 11:00 часот, утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Партениј Зографски“, „Рилски конгрес“, „Востаничка“ и „Славејко Арсов“, во општина Кисела Вода. Од 09:00 до 11:00 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Костурски Херои“ (од бр. 49 до бр. 57) во општина Центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија.Денеска (07.07.2026) во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше спроведена кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”. Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија. Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беше поделен превентивно-едукативен материјал, со совети кон возачите за безбедно патување. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаМитева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредбиНа денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон. Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник. Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови.п- изјави Марија Митева, портпарол на Влада. Тагови: Maрија Митева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожариДенеска (07.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Одделението за превенција при СВР Скопје во Велес и Скопје реализираа превентивни активности на тема „Заштита од џебни кражби и измами“. На граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во Велес беа реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“, при што граѓаните беа информирани за постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Превентивна активност за заштита од измами денеска беше реализирана и на подрачје на Неготино. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес и ПС БПС Кочани, Штип и Пробиштип во Велес, Кочани, Штип и Пробиштип, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потенцирајќи им го на возачите ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, додека полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Валандово на подрачјата на Кавадарци и Валандово реализираа превентивни активности насочени кон мотоциклистите за важноста од носење заштитен шлем и потребата од безбедно учество во сообраќајот. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, СВР Велес, ПО Чашка и ОВР Берово во Скопје, Берово, како и во селата Иванковци, Мамутчево и Караслари, велешко и општина Чашка, денеска реализираа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период, особено кога извршуваат земјоделски работи. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter