Без прецизни гаранции, преку интензивна дипломатија до нова формула за преговори, вели Филипов - Канал 5

Без прецизни гаранции, преку интензивна дипломатија до нова формула за преговори, вели Филипов

Интензивирање на дипломатската активност и нова формула е едно од решенијата во случај Брисел да не даде прецизни гаранции, вели поранешниот амбасадор во Берлин и Виена, Ѓорѓи Филипов. 

Без прецизни гаранции, преку интензивна дипломатија до нова формула за преговори, вели Филипов

Откако премиерот Христијан Мицкоски од синоќешниот партиски конгрес рече дека мора да обезбеди решение со јасни црвени линии, кое ќе го заштити идентитетот и ќе спречи идни условувања и предавства. Филипов вели дека во ваква ситуација може да дојде и до замрзнување на преговорите за членство.

-Едно од најверојатните сценарија ако дојде до одложување на уставните промени, а по се изгледа ќе дојде, владејачката гарнитура ќе одбие да го притиска тоа прашање додека не постојат гаранции а не верувам дека ќе дојде до тоа. Преговорите со ЕУ се водат како и со секоја друга земја, тоа значи дека патот кон членство во ЕУ ќе остане замрзнат. Со можност за натамошно одмрзнување доколку се постапи по засега цврстиот став и на ЕУ и на Македонија.

-Затоа е потребно интензвирање на нашата дипломатска активност наша, не само посети туку и интензивно барање на нова формула доколку не ја прифаќаме оваа која може да биде прифатлива за ЕУ. – Ѓорѓи Филипов – Поранешен амбасадор во Германија

Мицкоски рече дека не гледа соговорник во Софија за отворените прашања но и порача дека е подготвен да разговара во Брисел но нема поместување на позициите без доследна примена на пресудите во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија.

-Нема поместување ниту милиметар, се до моментот, додека не биде испочитувана и последната буква и последниот интерпункциски знак, од договорите и од меѓународното право, и она што им припаѓа на Македонците од другата страна на границата во Пиринска Македонија. А тоа е, ни помалку ни повеќе, доследна примена на сите досегашните пресуди на Судот за човекови права од Стразбур, во својство и во насока на исполнување на правата на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Тоа е прво. И второ, ако навистина, никој нема проблем со нашата вековна идентитетска константа, и нашиот мајчин македонски јазик, и дека нема да има повеќе билатерални вета, тогаш најмалку што заслужија граѓаните на оваа земја, е нови заклучоци од страна на Европскиот Совет. Ова се двата столба за кои што сме подготвени да разговараме. – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски синоќа и порача на Софија да одлучи дали сака билатерални разговори или разговори со Брисел но и дека партнеството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. 

Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи.

Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот министерски состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан што се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија.

„Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно - технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска.

Информираше дека Македонија има 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција.

„Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал“, рече министерката, потенцирајќи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици во областа на науката и истражувањето и идентични можности за подеднакво да придонесат кон регионално справување со истите.

„Имаме национални стратегии за паметна специјализација и заедно со Планот за раст и реформска агенда сметам дека се најважните документи чие исполнување дополнително во голема мера ќе ја стимулира науката и истражувачката дејност на регионот, но и ќе ја зголеми продуктивноста и економскиот раст на сите земји од Западен Балкан“, додаде Јаневска.

Заедно со повеќе министри за образование и наука од регионот, Јаневска учествуваше во дебата за креирање политики насочени кон поддршка на иновации и дебата за добри практики во истражувањето, а подоцна во текот на денот ќе оствари и билатерална средба со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман  се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците.

„Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок

Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.

Руските бродови пристигнаа:  Велика Британија во шок

Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли.

Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата.

Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата.

Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер