Без патници руски патнички авион слетал во Каракас

Социјалните мрежи се преполни со веста дека на аеродромот во Каракас слетал руски патнички авион.

Се шпекулира околу причините за слетувањето на авионот , откако Москва недвосмислено го поддржа претседателот Николас Мадуро.

Авионот Боинг 777 со 400 седишта ,во сопственост на руската компанија Nordwinds Airlines се паркира на приватниот дел од пистата откако тргнал од Москва.

Истиот авион долетал од Москва и на 3 декември, што се поклопува со заминувањето на Мадуро во Русија на состанок со Путин. Ниту авио компанијата, ниту властите во Венецуела немаат одговор, кој се вози во авионот.

На социјалните мрежи се шират теории дека со него се донесени руски воени платеници, дека во него ќе избега Мадуро со соработниците кон Москва заедно со златото.

Комплетирани финалните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига, Баер испишува историја

Баер Леверкузен ја продолжи својата неверојатна серија без пораз откако синоќа одигра 2:2 против Рома во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа и со тоа се пласираше во финалето. 

Противник на германскиот клуб во битката за трофејот ќе биде Аталанта која со вкупен резултат од 4-1 го елиминираше Олимпик Марсеј.

Клубот од Леверкузен имаше 2:0 од првата средба во Рим, но Рома на реваншот водеше со идентични 2:0 до 82. минута. Сепак, тимот предводен од Чаби Алонсо остана непоразен со автоголот на Манчини (82) и погодокот на Станишиќ (90+7).

Ова беше 49. натпревар по ред сезонава на кој Баер не загуби и еден од многуте на кои се спасуваше во последните моменти од натпреварот.

Избраниците на Чаби Алонсо постигнаа 136 голови на 49 натпревари оваа сезона, ја освоија Бундеслигата, а стигнаа до финалето во Лига Европа и Купот на Германија.

Баер го делат уште само четири натпревари до историска сезона без пораз.

„Среќни сме што стигнавме до финалето. За една недела ќе играме две финалиња. Покажавме карактер по нивниот втор гол, ги погледнав играчите во очи после тоа и видов дека сакаат повеќе. Имаме уште шанса да освоиме три титули и моите момци тоа го заслужуваат“, изјави Чаби Алонсо по натпреварот.

Финалето меѓу Баер и Аталанта ќе се игра во Даблин на 22 мај.

Во финалето на третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, ќе играат Олимпијакос и Фиорентина.

Грчкиот клуб со вкупен резултат 6-2 ја елиминираше Астон Вила, додека клубот од Фиренца беше поуспешен во полуфиналната пресметка против Клуб Бриж со вкупни 4-3.

Финалето е на програмата на 29 мај во Атина.

НБА: Далас и Кливленд израмнија во плејоф сериите на Истокот и Западот

Кошаркарите на Далас израмнија на 1:1 против Оклахома во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава победија со 119:110.

Далас го предводеа Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скокови и седум асистенции и Пи Џеј Вашингтон со 29 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Во тимот на Оклахома, која го претрпе првиот пораз во плеј-офот сезонава, најефикасен беше Шеј Гилџес-Александер со 33 поени, додавајќи 12 скокови и осум асистенции.

Следниот трет натпревар се игра в сабота вечер, а домаќин ќе биде Далас.

На 1:1 во серијата до четири победија израмнија и кошаркарите на Кливленд против Бостон во полуфиналето од плејофот на Источната конференција, откако победија со 118:94.

Донован Мичел го предводеше Кливленд со 29 поени, осум асистенции и седум скокови.

Третиот натпревар ќе се игра во Кливленд ноќта меѓу сабота и недела.

Галатасарај сака да го задржи Зијеш

 Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е задоволен од настапите на Хаким Зијеш и планира да му понуди постојан договор на 31-годишниот марокански репрезентативец.

Мароканскиот напаѓач настапува за Галатасарај како позајмен фудбалер од Челзи.

Според турските медиуми, тимот од Истанбул е подготвен да го откупи неговиот договор со лондонскиот клуб и да го задржи Зијеш во своите редови.

Оваа сезона Зијеш одигра 21 натпревари на кои постигна осум голови и додаде четири асистенции.

притисни ентер