Без контакт четири години: Холивудскиот супер стар ја избришал ќерката од својот живот поради сектата

Со месеци наназад се појавуваат новинарски извештаи кои само ги бројат месеците откако Сури и Том Круз последен пат се виделе.

За ова мало девојче, мајката Кејти Холмс е се, а таа се навикнала дури и родендените да ги слави без својот татко.

Со ваквите извештаи, кои се се погласни, како главна причина ја наведуваат неговата припадност на Скентологијата, која од омилената ѕвезда направи осаменик кој се поголем број на луѓе го жалат.

Foto: Getty

Како што пишуваат странските медиуми Том Круз не се видел со својата ќерка цели четири години.

За тоа време тој е скоро во илегала, а ни со своите посвоени деца Изабела и Конор нема подобар однос.

Главно избегнува комуникација, а средбите се сведени на неколку пати бидејќи тие деца и припаѓаат на Скентолошката религија.

Од друга страна, Круз ги посвоил додека бил во брак со Никол Кидман и тие не се во контакт со австралиската оскаровка.

Сури има 12 години и нема никаква комуникација со својот татко.

Foto: x17agency

После разводот со Кејти која не го толерирала неговото безрезервно припаѓање на сектата, нарушен е и неговиот однос со Сури.

Средбите и комуникацијата станале се поретки, а во меѓувреме и целосно престанале.

Уште поинтересен е и податокот дека наводно пријателката на Том, Маријан Картер минатата година ги замолила фановите и обожавателите на Том на неговиот профил да не поставуваат фотографии на девојчето.

Foto: Getty

„Немојте да испраќате фотографии од Сури на неговиот профил. Тоа е негово барање. Таа повеќе не е дел од неговиот живот“ – напишала Картер која е дел од Црквата која на актерот му забранува да одржува блиски односи со луѓето кои не и припаѓаат на заедницата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер