3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаБест Мобилити – НТА: Решението за ЕЕС системот мора да се издејствува во БриселОд Бест Мобилити - НТА, посочуват дека преку соработка со меѓународните сојузи IRU и BSEC-URTA, продолжуваат со максимален притисок врз надлежните институции во ЕУ. Македонската национална транспортна асоцијација Бест Мобилити - НТА денеска порача дека блокадите на граничните премини се израз на револт на професионалните возачи и барање да се слушне нивниот глас за еднаков третман со возачите од ЕУ, но оти решението треба да се бара во Брисел. Предизвиците поврзани со ЕЕС биле примарен фокус на состанокот на Управниот совет на Унијата на патни транспортни асоцијации во регионот на економска соработка на Црното Море, BSEC-URTA, чија членка е и Бест Мобилити – НТА, што се одржа на 23 јануари во Скопје. Сстанокот, на кој учествувал и Раду Динеску, претседателот на Меѓународната унија за патен транспорт IRU, како што информираат, резултирал со конкретен став и унифициран предлог за решенија. - Ова стратешко усогласување со меѓународното лидерство потврдува дека нашиот пат напред е преку структурирани интервенции во политиката на високо ниво. Врз основа на досегашните активности, веќе се остварени директни состаноци во Европскиот Парламент и Европската Комисија на кои активно учество имаше и Бест Мобилити. Овие средби јасно потврдуваат дека ова е единствениот начин да се изнајде одржливо решение за статусот на професионалните возачи – преку преговори на највисоко ниво и насочени законски измени во ЕУ регулативата. Дипломатијата бара кредибилитет, при што блокадите можат да ја отежнат ситуацијата, соопштија од БЕСТ Мобилити – НТА. Оттаму дополнуваат дека „мора да се имаат во предвид и негативните страни како што се губење на транзитот низ државава“. - Секоја најава или реализација на блокада е сигнал за странските логистички компании да ја заобиколат Македонија како транзитна рута. Ова значи директно губење на приходи од патарини, горива и други услуги, што долгорочно ќе ја изолира земјата од главните транспортни коридори. Трошење на ограниченото време: Секој ден поминат во блокада на граница е ден помалку од дозволените 90 дена престој во Шенген-зоната. Присутен е и економски ризик за домашните компании: блокадите ги казнуваат македонските извозни компании, создавајќи загуби во сектор, кој веќе е под огромен притисок, се вели во соопштението. Од Бест Мобилити - НТА, посочуват дека преку соработка со меѓународните сојузи IRU и BSEC-URTA, продолжуваат со максимален притисок врз надлежните институции во ЕУ. - Нашите барања се јасни: Признавање на возачите како „мобилни работници", чиј статус е верификуван со Сертификати за професионална компетентност (CPC). Исто така и заедничка акција со државниот врв. Упатуваме итен апел до Владата и ресорните министерства да го поддржат нашиот дијалог со Брисел преку официјални државни дописи и состаноци со надлежните во Европската комисија. Искуството од состаноците во Европскиот Парламент ни дава насока дека борбата за транспортниот сектор се добива со аргументи во институциите, со предлог на конкретни решенија и нивна брза реализација. Затоа, ги повикуваме и надлежните во нашата држава, а и превозниците кои се насомнено најпогодени од сето ова што сега се случува во патниот транспорт во регионот на Балканот - на единство во овие напори за да ја сочуваме стабилноста на македонскиот транспорт, изјави Оливера Миовска, претседател на БЕСТ Мобилити – НТА, а воедно и заменик- претседател на BSEC-URTA. БЕСТ Мобилити-НТА посочуваат дека се против дискириминаторската примена на вакви мерки за професионалните возачи од земјите кои не се членки на ЕУ, но, како што наведуваат, методологијата не смее ни да ги блокира патиштата. - Се бориме со ова прашање на сите платформи со BSEC-URTA, ИРУ и сите други меѓународни платформи со цел да се најде конечно решение применливо и прифатливо за сите страни. Во таа насока сметаме дека е и подршката на превозниците од заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој вчера беше присутен на граничниот премин Блаце, за што ја искажуваме нашата благодарност, се вели во информацијата. Николоски вчера во изјава на ГП „Блаце“ во знак на поддршка на протестот оцени дека ова предупредување доаѓа навреме и оти февруари и март треба максимално да се искористат и земјите членки на шенген-зоната да изнајдат решение. - Во принцип, постојат три можни решенија. Првото решение е да се одложи примената на новиот електронски систем за евиденција за превозниците. Второто решение е да се зголеми бројот на денови што превозниците може да ги поминуваат во шенген-зоната - најмалку на 250 дена, соодветно распределени во циклуси, наместо сегашните 90 дена во 180. Третото решение е професионалните возачи и превозници да не се третираат како туристи, туку како професионалци. Тоа може да се уреди преку посебни правила или преку работни визи, како што моментно тоа го прави Швајцарија, со што би им се овозможил слободен транзит во земјите од шенген-зоната - изјави Николоски. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера изјави дека со Европската унија активно се комуницира за решение за мерките што се најавени за нашите превозници како и за тарифите за извоз за челичната индустрија. Се надева на некаков исход бидејќи од ЕУ било укажано дека се свесна оти има проблем и дека се работи на изнаоѓање решение. Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вчера почнаа блокада на товарниот сообраќај на премините кон шенген зоната. Тие сметаат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на превозниците од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот. - Поентата не е да ја заглавиме сопствената стопанска активност, туку да покажеме што може да се случи во одреден период. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади, ниту сакаме да им нанесеме штета на нашите производители, трговци и на населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок. Ако Европската Унија не може да издржи еден месец ваква состојба, тогаш јасно е дека овие мерки не може да траат подолго - изјави вчера Билјана Муратовска, генерален секеретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“.Тагови: Бест Мобилити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот министер за финансии е преселен во воена база поради закани од ИранАмериканскиот министер за финансии Скот Бесант неодамна се пресели од својот дом во Вашингтон во американска воена база откако доби закани од Иран по неговиот живот, изјавија во вторник две лица запознаени со ова прашање.„Њујорк тајмс“ (NYT) прв објави за преселбата. Висок разузнавачки функционер во администрацијата на Трамп предупреди во меморандум што го виде Ројтерс кон крајот на минатиот месец дека иранските заговори против американските војници и граѓани се во напредна фаза. Бесант ја предводи американската кампања за санкции и економски притисок врз Иран од август, наречена Операција Економски егзил, со цел да се принуди Техеран да ги запре нападите врз бродовите и повторно да го отвори Ормутскиот теснец. Клучниот воден пат е во голема мера затворен откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. Кампањата за економски притисок, која се спроведува паралелно со американската поморска блокада на иранските пристаништа, вклучуваше санкции против филијали на банки на Блискиот Исток и други финансиски компании кои олеснуваат трансакции со Иран. „Секретарот нема да биде обесхрабрен од заканите од иранскиот режим и останува посветен на спроведување на операцијата „Економски егзил“ и одржување на блокадата, кои заедно предизвикуваат колапс на иранската економија“, изјави портпаролот на Министерството за финансии на САД во одговор испратен по е-пошта. NYT објави дека сериозноста на заканите против Бесант не е веднаш јасна. Извор запознаен со ова прашање рече дека загриженоста за безбедноста во врска со Бесант се зголемила откако Wall Street Journal објавила фотографија од воздух од неговата вила во Џорџтаун, која Бесант ја купил за 12,5 милиони долари кратко време по неговата потврда за секретар на финансии во јануари 2025 година. Фотографијата овозможила да се одреди куќата на Бесант, по што тој бил преместен во воена база од безбедносни причини, рече изворот, додавајќи: „Медиумите имаат обврска да дејствуваат одговорно во време кога заканите против јавните службеници стануваат сè посериозни“. Иран претходно негираше дека планира напади врз службеници и граѓани на американска територија. NYT објави дека американските службеници заклучиле дека способноста на Иран да извршува напади од големи размери во САД и други прекуокеански територии е ограничена. Илјадници луѓе се убиени, а милиони се раселени во нападите на САД и Израел врз Иран и израелските напади врз Либан за време на војната. Во нападите на САД и Израел се убиени и високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.Тагови: воена база Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПорно ѕвездата, Миа Калифа стана заштитно лице на познат бренд (ВИДЕО)Миа Калифа, поранешна актерка за филмови за возрасни, инфлуенсерка и претприемачка, е новото лице на палестинскиот моден бренд Trashy Clothing, кој ја ангажираше за својата кампања есен/зима 2026. Кампањата, насловена како „In Divine Trust“, го следи шоуто на брендот во Париз, каде што Калифа исто така прошета по пистата во нивните креации, објавува Hypebae. Бренд познат по својот неконвенционален пристап кон луксузот Trashy Clothing е основан од Омар Браика и Шукри Лоренс, а нивниот бренд е познат по својот ироничен пристап кон луксузната мода. Во своите креации, тие комбинираат традиционални техники на занаетчиство, сатира, кич и мотиви од арапската поп-култура, создавајќи облека што не се вклопува во вообичаената модна рамка. Колекција инспирирана од филмот „Divine Intervention“ Дизајнерското дуо пронашло инспирација за својата нова колекција во филмот „Divine Intervention“ од режисерот Елија Сулејман, кој се занимава со апсурдност и конфликт. Слични теми се провлекуваат низ кампањата снимена од фотографот Пабло Мас. View this post on Instagram A post shared by TC (@trashyclothing) Во срцето на кампањата е прашањето како моќните луѓе создаваат слика за себе и што се случува кога нивните симболи на моќ повеќе не ги предизвикуваат очекуваните реакции. Оваа идеја продолжува преку соработката со брендот за накит Sheytan, зад кој стои Миа Калифа. Колекцијата накит си игра со разликата помеѓу она што изгледа моќно и авторитативно и вистинското значење што го имаат таквите симболи. View this post on Instagram A post shared by TC (@trashyclothing) Со новата колекција, Trashy Clothing продолжува да ја користи модата како алатка за преиспитување на воспоставените идеи за идентитетот, моќта и отпорот, со допир на иронија по која брендот е препознатлив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СудбинаСилен бран одвлече девојче во морето, додека се шетало на позната плажа (ВИДЕО)Силен бран изненади девојче и ја одвлекол во морето, а сето тоа се случило на позната плажа во американската држава Орегон.Драматичниот момент е снимен на камера, детето завршило во немирната вода, додека нејзините родители веднаш истрчале да ја извлечат на безбедно, објавува Дејли Меил. „Не треба да му вртиш грб на морето“ Инцидентот се случил за време на викендот на плажата Канон, кога ненадеен, невообичаено силен бран го зафатил брегот и го соборил девојчето. Видеото го снимила Карин Келси Мадсен, која во тој момент шетала по плажата со својот сопруг. Видеото покажува како бранот прво го соборува детето, а потоа го одвлекува од нејзината мајка. Бела пена и вода покриваат дел од брегот, додека таткото трча кон девојчето за да го извлече. „Токму затоа не треба да му вртиш грб на морето“, може да се слушне како вели Карин. Мајката исто така паднала во водата, и штом станала, истрчала кон девојчето. Во меѓувреме, нејзиниот татко ја достигнал, ја зграбил за рака и ја кренал. Потоа семејството заедно се упатило кон брегот. Во тој момент, сопругот на Карин Келси Мадсен истрчал кон нив за да провери дали им е потребна помош. „Во ред е“, одговорила нејзината мајка. Што се ненадејни бранови? Авторката на видеото објаснила дека плажата во времето на инцидентот била полна со семејства и деца и дека била особено изненадена од фактот што многумина ги игнорирале предупредувањата на властите да не се приближуваат до водата тој ден. „Цел ден ги гледавме брановите како носат големи дрвја, додека доаѓаше плимата“, се присетила таа. Видеото навистина покажува големи парчиња дрво како водата ги влече во морето, на сличен начин како што девојчето било однесено претходно. Што се ненадејни бранови и зошто се опасни? Тие се силни бранови кои се појавуваат неочекувано и продираат многу подалеку по плажата отколку што би се очекувало врз основа на претходните бранови. Поради ова, може да ги изненади луѓето на брегот, соборувајќи ги и влечејќи ги во морето, заедно со песок, камења и парчиња дрво. Овие бранови не се невообичаени на плажата Канон, особено во есенските и зимските месеци.Тагови: бран девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook