СветБесплатно пиво, такси превоз и здравствен преглед-така во Индија ги намамуваат гласачите(ВИДЕО)Во индискиот град Бангалор сфатиле како да го зголемат одѕивот на гласачите - со бесплатно пиво и бесплатно возење со такси.Како што јави Би-Би-Си, овој град кој се наоѓа во индиската држава Карнатака е познат по тоа што има слаба излезност на изборите. Токму затоа, на општите избори, кои се одржуваат во неколку фази до почетокот на јуни, бројни компании решија да ги поттикнат гласачите да излезат на гласачките места. Така, хотелите, такси-службите и другите компании најавија бројни иницијативи за да ги поттикнат луѓето да гласаат. In the upcoming elections, you have to choose between the parties... On one side, you have the UDF and LDF parties that propagate politics of destruction and division. On the other side, you have the BJP, which believes that Kerala should develop and India should become… pic.twitter.com/GkLxDpUOtX — BJP (@BJP4India) April 19, 2024 Тие вклучуваат бесплатно пиво, возење со такси со попуст, па дури и бесплатни здравствени прегледи. Во некои продавници за храна, клиентите треба да го покажат прстот обоен со неизбришливо мастило како доказ дека гласале за да добијат попуст. Општите избори ќе се одржат во Бангалор утре (петок) во втората од седумте фази на гласањето. Вчера Високиот суд на државата ѝ дозволи на хотелската асоцијација да обезбедува храна бесплатно или по намалени цени сѐ додека не се прекршат изборните правила. „Различни хотели и ресторани ќе им обезбедат различни бенефиции на гласачите врз основа на нивната сопствена одлука“, изјави ПЦ Рао, претседател на хотелската асоцијација, за локалниот дневен весник Бангалор Мирор и продолжи: - Додека некои од овие места ќе обезбедат бесплатно кафе, доса [палачинка од оризово брашно и леќа] и овошен сок за да ја победат неподносливата топлина, некои од местата ќе даваат попусти на храна или ќе имаат некои други примамливи понуди. Bengaluru: Free beer and taxi rides to woo voters in Indian city https://t.co/hDM6W1Mfmf — BBC News (World) (@BBCWorld) April 25, 2024 На последните општи избори во 2019 година, урбаната изборна единица Јужен Бангалор забележа најмал процент на излезност во државата Карнатака со „само“ 53,7 проценти од гласачите. Излезноста била исто така ниска во Бангалор Централ (54,3 проценти) и Бангалор Норт (54,7 проценти) во споредба со вкупната излезност на државата од 68 проценти. Повеќето компании почнале да ги охрабруваат жителите да гласаат минатата недела, но вчера ги објавиле понудите по одобрувањето од судот. Популарниот тематски парк Wonderla им подарува билети на гласачите по намалени цени, додека пабот Deck of Brews им подарува бесплатно пиво на првите 50 клиенти кои гласаат. Апликацијата „Ridesharing Blu-Smart“, пак, нуди попуст од 50 отсто за патниците кои патуваат на 30 километри од избирачките места, додека такси-здружението „Рапидо“ им дава бесплатно возење на лицата со посебни потреби и постарите гласачи. - Ова е нашиот начин да ја славиме демократијата и да привлечеме внимание на важноста на гласањето - вели Гопи Чанд Черукури, коосновач на синџирот ресторани „Мистер Фили“ за дневниот весник „Индиан експрес“. Ресторанот нуди 30 отсто попуст на хамбургери и милкшејкови за првите 100 гласачи во ресторанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работнициМинистерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран. Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни. Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook